Валбон Лимани (р. во ) — политичар и лекар од Гостивар, Македонија. Тој моментално ја извршува функцијата градоначалник на Општина Гостивар.
Биографија
Валбон Лимани е роден на 19 мај 1980 година во Гостивар. Специјалист е по ендокринологија и работи на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања во Скопје.
Во 2008 година дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тракија, а во 2019 ја завршил специјализацијата по ендокринологија на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања во Скопје.
Во периодот од 2022 до 2024 година бил ангажиран како асистент на Факултетот за медицински науки при Државниот универзитет во Тетово.
Политичка кариера
На 26 ноември 2021, Лимани бил избран за претседател на Советот на Општина Гостивар, функција која ја извршувал до 8 јули 2024.
На 8 јули 2024, тој ја презеде функцијата в.д. градоначалник на Општина Гостивар, откако бил изгласан од страна на Советот со 22 гласа "за" и 9 "против". Оваа функција ќе ја извршува до следните локални избори во октомври 2025.
Други активности
Лимани е член на: Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, Европската асоцијација за проучување на дијабетесот (EASD).
Во граѓанскиот сектор: Претседател на управниот одбор на здружението „Мост“ (2014–2016) Член на одборот на НВО „Европски центар за развој, толеранција и соработка“
Личен живот
Валбон Лимани е оженет и татко на три деца.
Наводи
Категорија:Македонски ендокринолози Категорија:Градоначалници на Општина Гостивар Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Луѓе од Гостивар Категорија:Македонски Албанци