Општина Булчица ― општина во Областа Дебар во Албанија.

Денешната територија на општината била регулирана со реформите во месната управа во 2015 година, спојувајќи ги териториите дотогашните општини Булчичко Поле (Фуша-Булќиза), Горица, Мартанеш, Острени, Шупенци (Шупенза), Требишта и Зрклени, чии нивни територии биле снижени во општински единици, кон Општина Булчица. Денешната општина има вкупно 31.210 жители (2011) и зафаќа површина од 678,51 км2. Пред територијалното проширување, општината имала 8.177 жители.

Општината порано припаѓала во Округот Булчица.

Административна поделба Општинска единица Булчица Општинска единица Булчичко Поле Општинска единица Горица Општинска единица Мартанеш Општинска единица Острени Општинска единица Шупенци Општинска единица Требишта Општинска единица Зрклени

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Општини во Албанија Категорија:Дебар (област)