мини|250п|Впрегнати волови за превоз на волна. Кираџиски занает — традиционална дејност за превоз на стока и луѓе со помош на животни или возила, која во минатото била еден вид трговија и суштински дел од економскиот живот.д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996 Скопје, стр.83/84
Историја на занаетот Првите човечки начини на транспорт биле пешачењето и пливањето. Припитомувањето на животните вовело нов начин на ставање на товарот за транспорт на помоќните суштества – животните, овозможувајќи влечење на потешки товари. Пронајдоците, како што се тркалото и санките, помогнале да се направи транспортот со помош на животните поефикасен преку воведувањето на возилата. Исто така, транспортот на вода, вклучувајќи веслачки и едрени бродови, се користел од памтивек и бил единствениот ефикасен начин за транспорт на големи количини на стока на долги растојанија пред Индустриската револуција.
Првите облици на патен транспорт биле коњите (припитомени во 4-ти или 3-ти милениум п.н.е.), воловите (околу 8000 г. п.н.е.) или луѓето кои носеле стока преку земјени патеки кои често ги следеле патеките на дивечот. Поплочените патишта биле изградени од многу рани цивилизации, вклучувајќи ги Месопотамија и цивилизацијата на долината на реката Инд. Персиската и Римската империја изградиле патишта од камени плочи за да им овозможат на војските да патуваат многу брзо. Средновековниот калифат подоцна изградил патишта обложени со катран. Првите водни транспортери биле кануа направени од трупци. Раниот транспорт на вода бил постигнат со помош на бродови кои биле или придвижувани со весла или користеле ветер за погон, или комбинација од двата пристапи. Важноста на водата значела дека повеќето градови кои пораснале како трговски центри биле лоцирани на реки или во близина на море, често на раскрсниците на водните патишта. До Индустриската револуција, транспортот останал бавен и скап, па производството и потрошувачката биле лоцирани што е можно поблиску едно до друго.
Индустриската револуција во XIX век произвела голем број на пронајдоци кои суштински го промениле транспортот. Со појавата на телеграфијата, комуникацијата станала независна од транспортот. Пронајдокот на парната машина, проследен со неговата примена во железничкиот транспорт, го направил транспортот независен од човечката или животинската моќ. И брзината и капацитетот нагло се зголемиле.
Со развојот на моторот со внатрешно согорување и автомобилот на крајот на XIX век, патниот транспорт станал значително поодржлив. Првите автопати биле изградени во текот на XIX век со макадам. Подоцна, асфалтот и бетонот станале доминантни материјали за поплочување на патиштата. Во 1903 година бил претставен првиот авион со екипаж, а по Првата светска војна, тој станал брз начин за превоз на луѓе и стоки на долги растојанија.
По Втората светска војна, автомобилите и авионскиот транспорт зазеле поголем удел во транспортот, намалувајќи го товарниот железнички и воден транспорт.
мини|алт=Превоз на стока со човечка сила (снага)|Превоз на стока со човечка сила (снага)
Историја на занаетот во Македонија Кираџиството во Македонија се среќавало уште од многу одамна, така што во пописниот дефтер на Скопје од 1568/1569 година стојат имиња и презимиња на тогашните кираџии. Во текот на XIX век, транспортот на стоки од едно до друго место бил вршен исклучиво од кираџиите и абаџиите. Во почетокот на XIX век, занаетчиството се развивало брзо и за одделни производи локалните пазари станале тесни, па почнале занаетчиските производи да се извезуваат забрзано.
Појавата на кираџиите и абаџиите не е поврзана само со извозот, туку и со увозот на стока. Тие се задолжувале за одредена надница да ја пренесат стоката од едно до друго место. Висината на киријата зависела од количината, далечината и годишното време. Цената на транспортот обично била највисока за време на одржување на панаѓурите.д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996 Скопје, стр.83
Транспортот на намирници (жито, пченка, бостан, дрва, сено, слама, риби и друга стока) претставувало значаен сегмент од стопанската активност на луѓето. Во Македонија во XIX и првата половина на XX век преносот на намирници и друга стока се извршувал со традиционални транспортни средства кои се користеле во копнениот и водниот сообраќај. Во копнениот сообраќај, преносот на стока се обавувал со човечка сила, со домашни животни и со запрежни возила.
Организација на кираџиите На подалечните растојанија стоката најмногу се пренесувала со коњи, кои биле најбрзото сувоземно транспортно средство во XIX век. Сите кираџии обично биле вооружени, а со караванот секогаш одела придружба од 20 до 80 луѓе. Пред караванот секогаш одел старешина капеџи-баша или бајрактар.д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, Матица Македонска, 1996 Скопје, стр.84
Кираџиите биле организирани во каравани кои обично имале до 30 товарни коњи. Секој караван имал старешина – крамар, кој ја примал и ја предавал стоката.
Пренос на стока со човечка сила Ова е најстариот, наједноставниот и воедно најбавниот пренос на стока. Човекот пренесувал стока со раце, на рамо, преку појас, на грб и на глава. Средствата и приборот за ваквиот пренос биле разновидни по форма и материјал: торба – магрџик (направена од јагнешка или јарешка кожа), торба јанџик (направена од овча кожа), торба – бисаѓи (волнена торба), за пренос на течности – бардаци (направени од глина), чутури (направени од дрво, метал или тиква).
Пренос на стока со домашни животни За товарниот сообраќај и за јавање најмногу се користела силата на коњот, а помалку во запрежниот сообраќај. Маската и магарето се користеле во товарниот сообраќај, а биволите во запрежниот сообраќај. Во XIX век, кираџиите од Малешево до Солун, со коњи пренесувале катран, штици и граѓа, лој, восок и волна, а од Солун донесувале намирници потребни за населението.Боре Неделковски, Зборник, Етнологија 4, Музеј на Македонија, Скопје,2011 год., стр.107 мини|341x341пкс|Јарем за впрегнување ѕевгар волови од с. Иванковци во Гроот, Велешко.
Пренос на стока со запрежни средства Во минатото во Македонија, транспортот се одвивал со традиционални транспортни средства – запрежни дрвени коли кои ги влечеле товарни коњи, маски и магариња. Истовремено постоеле и дрвени коли со воловска, биволска и коњска запрега. Во планинските предели, стоката се пренесувала главно со запрежни дрвени коли, со една осовина и две тркала – двоколки. Во рамничарските и низинските предели, стоката се пренесувала со запрежни дрвени коли со две осовини и четири тркала – четириколки. Колите најчесто ги влечеле ѕевгар волови, впрегнати во дрвен јарем.Боре Неделковски, Зборник, Етнологија 4, Музеј на Македонија, Скопје,2011 год., стр.108
Поврзано
Превоз
Наводи
Категорија:Занаети Категорија:Сообраќај