Александер Кол Мајтен (роден на 11 април 1997, во Хартфорд) е англиски фудбалер, на Сан Диего.
Биографија Алекс Мајтен е роден на 11 април 2002 година, во Хартфорд, Конектикат, САД, додека неговиот татко, Еди Мајтен, работел за ESPN. Неговото семејство се вратило во Нотингем, Англија кога тој имал три години. Неговиот брат, Дејвид, играл колеџ фудбал на колеџот Меадај во Бафало, Њујорк.
Клупска кариера Израснат во младинските категории на , клубот во кој ја започнал својата фудбалска кариера, тој го направил своето деби за првиот тим на 24 септември 2019 година, влегувајќи како замена за Јури Рибеиро во натпреварот од Лига купот на Англија загубен со 5-0 од Арсенал. Своето деби во првенството Мајтен го имал на 22 февруари 2020 година, во ремито без голови (0-0) против Квинс Парк Ренџерс на Сити Граунд. Тој продолжил и понатаму да игра забележувајќи вкупно осум настапи во Чемпионшип до крајот на сезоната 2019–2020.
Во август 2020 година, Мајтен потпишал продолжување на договорот со клубот до јуни 2025 година. На 19 декември 2020, тој го постигнал својот прв професионален гол во кариерата во ремито 1–1 против Милвол. Тој постигнал уште два гола против Блекбурн Роверс и Квинс Парк Ренџерс, завршувајќи ја сезоната 2020–2021 со три гола во 27 настапи со драстично зголемена минутажа под водството на Сабри Ламуши и Крис Хјутон, во однос на онаа што ја добивал во претходната сезона. Навивачите го прогласиле за Млад играч на сезоната на клубот. Следната сезона, тој одиграл 27 натпревари постигнувајќи еден гол против Свонзи Сити, и исто така настапил еднаш во полуфиналето на плејофот и бил неискористена замена во финалето каде со победата над Хадерсфилд Таун на Вембли, Форест избориле промоција и враќање во Премиер лигата после 23 години.
Откако го направил своето деби во Премиер лигата, влегувајќи за последните седум минути од поразот од на отворањето на сезоната, за Мајтен повеќе немало место во тимот на Нотингем Форест по што тој започнува да оди на позајмици: првата од нив, на 29 август 2022, била во Шефилд Венздеј во Лига Еден каде одиграл вкупно 14 натпревари и постигнал два гола. Потоа, на 5 септември 2023 година, Мајтен се преселил на сезонска позајмица во Кортријк, кои биле на дното во Белгиската Про лига, каде одиграл само 12 натпревари во првиот дел од сезоната пред да биде вратен од Нотингем на 9 јануари 2024. На крајот на истиот месец тој заминал на позајмица во Порт Вејл, повторно во Лига Еден, каде одиграл 10 натпревари без постигнат гол пропуштајќи четири недели поради повреда здобиена во средината не месец март.
На 30 август 2024 година, Мајтен потпишал за новиот клуб од МЛС лигата, Сан Диего, пред нивната инаугуративна сезона во 2025 година. Следниот ден, тој бил позајмен на данскиот клуб Норшелан на заем до крајот на календарската година. Откако не одиграл ниту еден натпревар за данскиот клуб, Мајтен му се приклучил на Сан Диего на почетокот на 2025 година. Своето деби за Сан Диего го направил на 16 март 2025, влегувајќи како замена за Томас Анхел, во ремито 1-1 на домашен терен против Колумбус Кру. На крајот на истиот месец, го постигнал својот прв гол за клубот, во победата со 3-2 на домашен терен над ФК Лос Анџелес.
Репрезентативна кариера Мајтен ја претставувал Англија во младинските селекции: под 15, под 16, под 17, под 18 и под 20 години. Со оглед на тоа дека е роден во Хартфорд, САД, тој исто така има право да ја претставува оваа репрезентација во иднина.
Мајтен постигнал хет-трик за англиската репрезентација под 18 години во победата со 3-2 против Австралија во пријателски натпревар одигран на 6 септември 2019.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 23 март 2024.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол2019-2020 ФЛЧ 8 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 10 02020-2021 ФЛЧ 24 3 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 27 32021-2022 ФЛЧ 23+1Плејоф.1 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - - - 27 1јул.-авг. 2022 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 2 0авг. 2022-јан. 2023 ФЛ1 9 1 ФАКуп+ЛК 2+0 1+0 - - - ТФЛ 3 0 14 2јан.-јун. 2023 ПЛ - - ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 1 0јул.-сеп. 2023 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 0 0Вкупно Нотингем Форест 57 4 - 10 0 - - - - - - 67 4сеп. 2023-јан. 2024 Кортријк ПЛ 10 0 КБ 2 0 - - - - - - 12 0фев.-јун. 2024 Порт Вејл ФЛ1 10 0 ФАКуп+ЛК - - - - - ТФЛ - - 10 0 2024-2025 Норшелан СЛ 0 0 КД 0 0 - - - - - - 0 0 2025 Сан Диего МЛС 4 1 УСКуп 0 0 - - - - - - 0 0Вкупно во кариера 90 6 - 14 1 - - - - 3 0 107 7
Наводи
Надворешни врски
Алекс Мајтен на soccerway Алекс Мајтен на transfermarkt Алекс Мајтен на espn Алекс Мајтен на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Нотингем Форест Категорија:Фудбалери на ФК Шефилд Венздеј Категорија:Фудбалери на ФК Кортријк Категорија:Фудбалери на ФК Порт Вејл Категорија:Фудбалери на ФК Сан Диего Категорија:Фудбалери на ФК Норшелан Категорија:Родени во 2002 година