Ѕвончарскиот занает е традиционален занает за изработка на ѕвона, клопатарци, ѕвонци или „клакачиња“. Ѕвоната се изработувале со леење или со исчукување. Изработката на ѕвончиња вклучува леење на бронзените ѕвона и дополнително дотерување на звукот со помош на струг за да се отстрани металот од ѕвончето за да се произведе карактеристичен тон на ѕвончето.
Рана историја
Изработката на ѕвона во Источна Азија датира од околу 2000 година п.н.е.Фалкенхаусен (1994), 132, Додаток И, стр. 329, 342 во Европа од 4 или 5 век н.е. Археолошките ископувања во Британија, откриле траги од печки, што укажувало дека ѕвоната често пати биле лиени на самото место или во јами околу црквите. Врз основа на историските податоци и археолошки наоди, најстарите откриени ѕвона во светот датираат од периодот на 8-9 век п.н.е. Тие биле со мали димензии и најчесто се користеле во магиски цели, за повикување на населението на собири или други јавни настани, како и за најавување на различни видови на опасности. Изработката на ѕвона била важна во текот на историјата на античките цивилизации. Источните ѕвона, познати по нивната огромна големина, биле едни од најраните ѕвона, направени многу векови пред европското железно доба. Најраните ѕвона биле направени од керамика, а подоцна еволуирале во лиење метални ѕвонаЛотар Фон Фалкенхаузен (1993) стр. 132.https://books.google.mk/books?id=ve1h53NTNW0C&pg=PA132&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false. Археолошки докази за правење ѕвона се појавуваат и во неолитска Кина.
Историја на занетот
На територијата на Балканот, првите ѕвона, пред сè се мисли на црковни ѕвона и камбани, се споменуваат во периодот од XI век. Подоцна, на турска територија на Балканот, постоела забрана за црковни ѕвона, такашто наместо ѕвона се користеле клепала. Клепалата сè уште можат да се сретнат по старите македонски цркви и манастири.
Ѕвончарскиот занает кој се занимава со изработка на ѕвонци, клопотарци и „клакачиња“, својот зачеток го бележи на крајот на 19 век или почетокот на 20 век.На територијата на Битола најстарите откриени ѕвона датираат одримскиот периодот (2 - 4 век. од н.е.) и тие се откриени воседумдесеттите години на 20 тиот век, на археолошкиот локалитетот Хераклеја. Кога станува збор за ѕвончарскиот занает, мора да се напомене дека честопати двата вида занаети, ѕвончарски и леарски занает во документацијата се среќаваат под исто име. Ваквата состојба во поглед на именувањето на ѕвончарскиот занает кој се протега во еден подолг временски период, произлегува од финалниот производ-ѕвоното или ѕвончето кое се произведува.
Ѕвончарските работилници, овозможиле производство на масивни предмети од типот на ѕвона и камбани со различни големини. Поради сличности кои произлегуваат во однос на финалните производи овие два занаети во најголем број случаи се ставаат во една група, па според тоа е речиси невозможно да се одреди точниот број на занаетчии кои во подалечното минато се занимавале со леарскиот и ѕвоначаркиот занает.
Постојат две гранки на ѕвонарскиот занает кои може да бидат диференцирани врз основа на техничко-технолошкиот процес на изработка на ѕвоната и видовите на финални производи кои тие ги произведуваат: Првиот тип на ѕвонарски занает како финален производ ги има ѕвоната и ѕвончињата, со различна големина, кои се произведуваат од месинг во техника на лиење. Освен овие производи, оваа група на занаетчии произведувале и авани, шандани, различни машински делови по пат на лиење и сл. Поради ова, овие занаетчиите уште се нарекуваат и леари на ѕвонци.
Вториот тип на ѕвончарски занает како финален производ има изработка на ѕвончиња со различна големина , но во овој случај ѕвончињата се изработуваат од декапиран лим и со различен техничко-технолошки процес од претходниот. Овие ѕвончиња се наменети за добитокот. Во зависност од видот на добитокот(овци, кози, говеда) постојат неколку видови ѕвончиња-клопотарци, ѕвонци или „клакачиња“. Кога сточарството беше особено развиено во Македонија годишно се продавале и по 2000 парична клопотарци. На овенот (угич) што ги водел овците напред секогаш на вратот му ставале голем клопотарец. Врз основа на достапни податоци првите ѕвончари- леари во Битола се појавиле во текот на 19 век. За разлика од нив првите ѕвончари изработувачи на ѕвонци, клопотарци и „клакачиња“се појавиле нешто подоцна и тоа кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Врз основа на достапната документација и разни архивски материјали може да се каже дека во првата половина на 20 век во Битола работеле 6 ѕвончарски дуќани во кои работеле следните мајстори: Илиевски Н. Вангел, Христовски С. Методија, Христов С. Христо, Христов С. Петар, Стерјов Л. Ташко и Коколого И. Јани. Од овие мајстори само последниот, Коколого И. Јанисе се занимавал со изработка на ѕвонци, клопотарци и „клакачина“. Иселувањето од руралните средини и напуштањето на сточарството му го нанело првиот удар на ѕвончарскиот занает пред повеќе години. Иван Илиевски бил последниот ѕвончар во старата битолска чаршија. Во Битола една улица се уште ја викаат „улицата кај ѕвончарите", бидејќи некогаш таму биле занаетчиските работилници на сите мајстори кои изработувале ѕвонци. Увозот на ѕвонци од Турција и Албанија кои се продаваат по многу ниски цена била уште една од причините што последниот ѕвончар занаетчија кој изработувал ѕвончиња за добиток го затворил својот дуќан во Битола. Еснафски празник на ѕвончарите бил (св. Елена и Константин) кој се слави на трети Јуни секоја година. Ваквата структура на празнување на еснафскиот празник се задржала до периодот на 1980- тите додека не престанале да работат најголемиот дел од ѕвончарските дуќани, и додека старите мајстори не починале.
Процес на производство
Ѕвончарско – леарскиот занает во чии рамки покрај ѕвоната се изработувале и други финални производи подразбира леење на предметите најчесто од бакар, калај цинк и нивните легури. Иако најчесто употребувана легура при изработката на ѕвончарските производи бил месингот, сепак употребата на соодветните материјали и легури зависела од типот на производи кои се изработувале.ѕвончарите – леари се занимавале и со изработка на црковни ѕвона или камбани кои достигнувале и по неколку десетици килограми. Квалитетот на изработката првенствено зависел од умешноста на мајсторот, но и од квалитетот на употребениот материјал. Тие најчесто се лиеле од бронза, а најдобриот материја за изработка на црковните ѕвона– камбани подразбирал употреба на околу 100 кг. бакар и 27-30 кг. калај, односно нивна процентуална застапеност во зависност од големината на ѕвоното кое што се изработувало. Со сечење на лимот и шанблоните на величина на ѕвончињата, за помали производи се употребувал потенок лим за погиолемите се користел подебел лим. Лимот се ставал еден врз друг а помеѓу нив се ставал пепел да не се залепат во огништето. Со клешта со долга рачка им се ставало жар да се загреат. Со клешта со пократка рачка се ваделе и започнувал процесот за заобличување. Ги удирале врз наковалните вжарените лимови со ѕвончарски чекани така што наизменично ги удирале. Повторувањето на процесот зависел колку долго ќе трае процесот на обликување. На наковална парчињата лим се обликувале со виткање на лимот до формирање на ѕвонците. По постигнувањето и завршувањето на процесот на исчукување во внатрешноста на ѕвонецот се пристапувало кон финалната фаза на изработка на ѕвонецот, ставањето на „ метални јазичиња “ кои се ставаат во внатрешноста на секој ѕвонец тие удирајќи врз ѕидовите на ѕвонецот произведуваат соодветен звук.
Постојат два видови на ѕвончиња – „со уши“ и „без уши“, познати под имињата „јанински“ односно „солунски“.
Употреба на ѕвоната
Ѕвоната кои биле изработени со примена на техниката на леење, во зависност од нивната намена можеле да бидат со различна големина. Помалите ѕвончиња се поставувале на добитокот со помош на коноп или на кожен ремен и му овозможувале на говедарот подобро да го лоцира добитокот. Продорниот звук на ѕвоното, воедно, требало и да го заштити добитокот од напади на дивите ѕверови. Ѕвоната во рамките на домаќинствата се поставувале и на соодветни метални држачи или синџири над влезните порти во дворовите или на врати во домовите на населението, особено во градовите. При отварањето на влезните дрвени порти се придвижувало ѕвоното кое со својот продорен звук го најавувало доаѓањето на посетителот во домот. Алати Во ѕвончарскиот занает се користеле следниве алати: Неколку видови на клешти, металните шипки со зашилен или плоснат крај, посебна четка со рачка со која се прскало огништето со вода, наковална во форма на буквата „г“ , полусферична наковална, метален калап „мадем“, нож за метал, „´змба“ или „душлук“ и сад со вода.
Галерија
Поврзано Ѕвончарски занает во Битола Ѕвоно
Наводи
Надворешни врски Последниот македонски ѕвончар Од метал до звук Ѕвонарски занает Изработка на ѕвона во Русија
Категорија:Занаети