Парампарче (тур: Paramparça) е турска телевизиска серија, снимана од 2014 до 2017 година. Серијата во Македонија е емитувана на Сител Телевизија.

Содржина Ѓулсерен е скромна млада и самохрана мајка, која животот го посветила на својата 15-годишна ќерка. Таа работи како продавачка и живее во едно сиромашно соседство во Истанбул. Откако ја напуштил сопругот, со сите сили се обидува да ја изведе нејзината ќерка Хазал на вистинскиот пат, но Хазал е неблагодарна и ја прекорува својата мајка што не ѝ овозможила богат и луксузен живот како што имаат сите други деца. Но, судбината крие една голема тајна. Хазал не е нејзина вистинска ќерка. Нејзината биолошка ќерка се вика Џансу и живее како принцеза со луѓето кои мислат дека ѝ се родители, Џихан и Дилара. Дилара доаѓа од богато семејство, а пак Џихан е богат бизнисмен кој премногу ја сака својата ќерка Џансу и целата негова смисла е всушност таа. Но, една сообраќајна несреќа ќе започне да ја открива вистината за големата грешка која ги раздвоила семејствата, вистина која допрва ќе ги отвори старите рани. За Џансу е потребна крв за да се спаси нејзиниот живот, а Џихан и Дилара од докторот дознаваат дека нивната крв не е компатибилна со крвта на Џансу, односно дека Џансу не е нивна ќерка. Пред 15 години, Ѓулсерен и Дилара по игра на случајноста се породиле во иста болница. Поради сличноста на презимињата, докторите ги помешале бебињата, односно ќерката на Ѓулсерен завршила кај Дилара, а ќерката на Дилара и Џихан кај Ѓулсерен. И сега... по толку години, вистината за потеклото на двете девојки започнува да се открива и да ги разбранува семејните односи на двете семејства. Дилара и Џихан ја наоѓаат Ѓулсерен, жената која се породила тој ден, а со неа, и нивната вистинска ќерка. Дилара решава дека нивната биолошка ќерка треба да дојде да живее со нив и да ги ужива благодетите на богатиот живот, по што ќе се јават првите недоразбирања меѓу Ѓулсерен и Дилара. Проблемите ќе ги зближат Џихан и Ѓулсерен, меѓу кои ќе се развие голема љубов, која нема да може да се притае. Ѓулсерен ќе почне да се зближува со Џансу, а татковскиот инстинкт на Џихан ќе го приближи кон Хазал. Ова е неверојатна приказна за тешките одлуки и изборите кои треба да ги направи родителската љубов. Приказна за судбината која го спојува она што одамна е скршено. Во борбата за вистината и во големото страдање, ќе може ли да ја откријат својата среќа? Ќе може ли да се засака друга мајка, освен онаа со која сме израснале? Што е подготвена една мајка да направи во име на љубовта кон своето дете?

Улоги ГлумецУлогаЕпизодиЕркан ПетекајаЏихан Гурпинар 1-97Нургул ЈешилчајГулсерен Сонмез Гурпинар 1-52Ебру ОзканДилара Терзиоглу Гурпинар 1-97Бариш ФалајХарун Ергуван 32-90Мине ТугајАсуман Терзиоглу 72-97Нурсел КосеКериман Акчатепе 1-97Алина БозХазал Гурпинар 1-97Лејла ТанларЏансу Гурпинар 1-97Толга ТекинОзкан Гулпинар 1-97Џемал ХуналАлпер Тек 1-51Гунеш ЕмирСолмаз Тек 1-51Бурак ТозкопаранОзан Гурпинар 1-97Џиван ЏановаРахми Гурпинар 1-97Елвин АјдогдуДерјаАслихан КапаншахинШејдаАху ЈагтуЏандан СојлyЕртугрул ПостоглуЈилдирим АлтунАјхан БозкуртЕнгинФунда ГурајЗејнепЏејхун МенгироглуДениз АјдинБулент ДузгуноглуОсманПинар ЕринџинНурајАјта СозериНезакетГамзе БалимАлефШукран ОвалиАјше ЈукселенХумејра АкбајМаиде ЕркочТанер ТуранБурхан ЈилмазЕфеџан ШенолсунОзгурГунеш ХајатХатиџеБашак АкбајСевинчОмер Фарук ЈуксекДемир Алаз ЕргуванИса Џиван КавакЏан Хашмет ГулпинарАјлин ЕренБерилСарп Џан КороглуМитхат Мете ПарсСинем Озтурк УслуСелма ПакСарп АкајаДамир ЈанковДемир ЈанкиДуња АјдогдуАзраХасан ШахинтуркШахинИлхан ШешенЕкрем ЧеликФулден АкјурекВеда

Надворешни врски

Категорија:Турски телевизиски серии