Никодинка К. Димчева - Нина ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Во 1942 година добила задача од партиската организација во Скопје да носи храна и информации на политичките затвореници во скопскиот затвор. Нејзиниот стан служел за престој на илегалци и одржување илегални состаноци. Врската со политичките затвореници ја прекинало бомбардирањето на скопскиот затвор (24 јануари 1944 година). Во февруари истата година заедно со семејството се евакуирала во селото Ракотинци. Тука организирала собирање на народна помош и истата ја доставувала на партизаните. По капитулацијата на Бугарија заедно со уште неколку другарки отворила шивачка работилница во селото Сопиште. Во оваа шивална работела се до ослободувањето на Скопје(13 ноември 1944 година).
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ