Апладија е поголем метален плиток сад за сервирање нафора за верски обреди. Апладијата е слична со дискусот.
Опис Апладијата служела во црква за ставање нафора или пченица. По форма е тркалезен, не многу плиток и има сосема мала нога на надворешната страна од рамното дно, страните се благо испакнати, конкавни, а венецот е широк, рамен и подаден нанадвор. На дното може да има крст. Страните се украсени релјефно, со вертикални прави линии поставени на одредено растојание кои во горниот дел полукружно се допираат. Во средината на полукружниците има неправилни мали ромбоидни форми. Истото се повторува и во горниот ред, но со помали димензии, а секоја права линија е поставена меѓу долните две линии. Декорацијата може да зависи од регион до регион. „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 118, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Наводи
Поврзано Табака (дискус)
Категорија:Метални садови