Евда Алексова Гегаракова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во НОД од почетокот на 1941 година во селото Покрвеник, Преспа. Го помагала движењето со жито, пари и друга помош. Во својот дом чувала илегалци. Како курир пренесувала писма и илегален материјал. По излегувањето на нејзиниот маж во партизани 1943 година бугарската полиција постојано го следела нејзиното движење, но и покрај тоа, таа продолжила активно да го помага движењето. Окупаторот ја затворил во селото Царев Двор. По пуштањето од затвор нејзината активност се одвивала преку организацијата на АФЖ. Станала член на КПЈ од април 1945 година.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ