Берберското грне било метално грне користено во берберница за натопување на косата на клиентите пред стрижење.
Опис Садот во долниот дел има топчеста форма, а од половината нагоре страните благо се стеснуваат и продолжуваат нагоре. Во горниот дел се одвојува венецот на грнето. На две спротивни страни, прицврстени за него со чивии, се наоѓа високата правоаголна бакарна рачка. Во централниот дел на дното, од надворешната страна, е поставено и чешмичето вертикална тесна цевка низ чија средина поминува друга цевка која на едниот крај има вентил низ кој истекува водата. Често на самото грне има и декоративни мотиви.
Садот се поставувал над берберскиот стол на одредено растојание за да може да виси над главата на седнатиот клиент. Од славината на грнето капнувале капки или течел тенок млаз вода, при што била натопувана косата, односно муштеријата бил подготвуван за стрижење. Вакви грниња можеле да се сретнат во некои берберници по градовите низ Македонија се до педесеттите години на 20 век.„Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 123, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.
Наводи
Поврзано Бербер Грне
Категорија:Метални садови Категорија:Садови за складирање Категорија:Садови за течности