Александра Гашева - Цана ( во ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Била член на СКОЈ од пролетта 1941 година. Организирала младинки да плетат топла облека за илегалците, кои во тоа време престојувале во Велес. Во летото и есента 1941 година растурала пропаганден материјал кој се чувал кај неа дома. Чувала илегалци и партизани кои ги префрлувала од едно до друго место. Вршела ѝ курирска работа. При блокадата на Велес на 15 мај 1943 година во извршениот претрес во нејзиниот дом најден бил санитетски материјал и бомби. Веднаш била затворена и интернирана во селото Т'зово, Видинска околија - Бугарија. Со враќањето од интернација, чувала и префрлувала од едно до друго место партизани и илегалци. Од пролетта 1944 година работела на мобилизацијата за Партизанските одреди. Од крајот на август 1944 заминала во единиците на НОВ како санитетка, во Осмата велешка бригада.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ