Милчо Мисоски (1972, Струга) — македонски поет. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој е специјалист-микробиолог, примариус и магистер на медицински науки. Добитник е на наградата „Млада Струга“ на Струшките вечери на поезијата во 1992 година, како и на други награди и признанија. Автор е на седум збирки поезија, од кои актуелна е „Зборови од хартија“ (Антолог, 2024).
Наводи
Категорија:Македонски поети Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Родени во 1972 година