мини|Месарскиот мост (2014) мини|Љубовни катанци на Месарскиот мост Месарскиот мост () — пешачки мост што ја преминува реката Љубљаница во Љубљана, главниот град на Словенија. Ги поврзува Љубљанскиот централен пазар и насипот Петковшек. Мостот бил свечено отворен на 10 јули 2010 година.

Оригиналната идеја за мост на локалитетот била изразена во 1930-тите од страна на архитектот Јоже Плечник. Модерниот мост, кој е многу поедноставен од првичниот план, има скалила на неговиот лев влез, стаклен под за одење на страните и две огради со челични жици. Дизајниран бил од Јуриј Коби. Украсен е со дела на вајарот Јаков Брдар.

Скулптури Најголемите скулптури на мостот претставуваат фигури од старогрчката и христијанската/еврејската митологија:

Адам и Ева, засрамени и протерани од Рајот, откако Змијата ги поттикнала да вкусат од Дрвото на познавањето на доброто и злото (одат кон Љубљанската соборна црква) Сатир, вџашен од Змијата Прометеј, трчајќи распорен, како казна затоа што му дал знаење (за огнот) на човештвото

На врвот на оградата на мостот има и некои помали гротескни скулптури од жаби и школки.

Историја Идејата за изградба на Месарскиот мост била планирана на крајот на 1930-тите од Јоже Плечник, како дел од пошироките урбани и архитектонски планови за Централениот пазар Љубљана.Меѓутоа, поради избувнувањето на Втората светска војна, мостот никогаш не бил изграден. Повеќе од педесет години, празно место среде Љубљанскиот централен пазар го означувало местото каде што требал да се изгради мостот.

Во 1990-тите биле изнесени првите предлози за изградба на мостот и со тоа завршување на Плечниковиот проект за Љубљанскиот пазар. Некои предложиле мостот да се изгради според првичните планови, додека други предложиле да се изгради модерен мост.

Во 2009 година, градската управа под градоначалникот Зоран Јанковиќ ја започнала изградбата на сегашниот мост, кој чинел 2,9 милиони евра и бил завршен следната година. Свеченото отварање се одржало на 10 јули 2010 година. Иако на местото веќе во 1930-тите бил предвиден мост од страна на архитектот Јоже Плечник, кој ја уредил својата водена оска долж Љубљаница.

Мостот е долг 33 метри и широк 17.3 метри.

Набргу по отворањето на мостот, катанците на заљубените парови почнале да се појавуваат на неговите челични жици, симболизирајќи ги нивните изјави за вечна љубов, феномен сличен на оној на парискиот Пон дез Ар.

Наводи

Категорија:Мостови во Словенија