Лило и Стич () — научнофантастичен комичен филм, преработка на истоимениот цртан филм од 2002 г. Филмот бил режиран од Дин Флејшер Камп, по сценарио на Крис Кеканиокалани Брајт и Мајк ван Вес. Во филмот глумат Маја Килоха како Лило Пелекаи и творецот на Лило и Стич — Крис Сандерс, кој ќе ја повтори својата улога како Стич од изворниот цртан филм. Во филмот играат и Зак Галифанакис, Сидни Агудонг, Били Магнусен, Кајпо Дидој и Кортни Б. Венс.
Премиерата на филмот во САД била на 23 мај 2025 г., а во Македонија на 22 мај истата година.
Содржина Филмот ја раскажува приказната за пријателството што цвета помеѓу осаменото девојче по име Лило и вонземјанинот налик на коала/куче Стич, кој е создаден да биде сила на уништување. Двајцата се впуштаат во патешествие со вонземјани, при што ја сфаќаат важноста на семејството и пријателите.
Озвучување
|Маја Килоха |Лило Пелекаи |- |Крис Сандерс |Стич |- |Сидни Агудонг |Нани Пелекаи |- |Зак Галифанакис |Џамба Џукиба |- |Били Магнусен |Пликли |- |Кајпо Дидој |Дејвид Кавена |- |Тија Карер |госпоѓа Кекоа |- |Кортни Б. Венс |Кобра Баблс |- |Хана Водингам |главната советничка |- |Ејми Хил |Туту
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Walt Disney Pictures Категорија:Американски 3D-филмови