Милан Видмар ( – ) — познат словенечки електроинженер, шахист, шаховски теоретичар и писател. Тој бил еден од најдобрите шахисти во светот од 1910 до 1930 година, а во 1950 година бил еден од првите шахисти кои ја добиле титулата Меѓународен велемајстор од ФИДЕ. Во својата кариера, Видмар бил специјалист за енергетски трансформатори и пренос на електрична струја.
Ран живот, семејство и образование Тој бил роден во семејство од средна класа во Љубљана, која тогаш била дел од Австроунгарија (денес Словенија). Во 1902 година започнал да студира машинско инженерство, а дипломирал во 1907 година на Универзитетот во Виена. Потоа, во 1911 година, докторирал на Техничкиот факултет во Виена. Студијата за електротехника ја започнал во 1904 година на Техничкиот факултет, но бидејќи тоа било подоцна од очекуваното, морал да полага посебни испити за основите на оваа област.
Помеѓу 1912 и 1913 година работел во познатиот Ганц Воркс во Будимпешта како асистент на Ото Титус Блати, еден од пронаоѓачите и најистакнатите експерти за трансформатори кои пак станале специјализација на Видмар.
Бил професор на Универзитетот во Љубљана, член на Словенечката академија на науките и уметностите и основач на Електротехничкиот факултет. Помеѓу 1928 и 1929 година бил 10-ти канцелар на Универзитетот во Љубљана. Во 1948 година го основал Институтот за електротехника кој сега го носи неговото име.
Шаховска кариера Видмар исто така бил врвен шахист, веројатно еден од најдобрите десетици играчи во светот од 1910 до 1930 година, а притоа останал аматер. Ја добил титулата велемајстор од ФИДЕ во 1950 година, кога биле воведени титулите.
Неговите шаховски успеси вклучуваат високи позиции на некои од најпрестижните шаховски турнири во неговото време:
Шесто место на турнирот во Карлсбад 1907 година Трето место на турнирот во Прага 1908 година Прво место на Гетеборг 1909 година (7-ми нордиски шампионат во шах) Второ место во Сан Себастијан 1911 година (со Акиба Рубинштајн) Второ место зад Капеа во Манхајм 1914 година Прво место во Виена и Берлин 1918 година Второ место во Кошице 1928 година Трето место во Лондон 1922 година Поделено прво место со Александар Алехин во Хестингс 1925/26 година Трето место во Семеринг 1926 година Четврто место во Њујорк 1927 година Четврто место во Њујорк 1927 година Четврто место во Лондон 1929 година Изедначено на 4-7-то место во Блед 1931 година Изедначено на 3-6-то место во Штутгарт 1939 година Второ место зад Макс Еуве во Будимпешта 1940 година Прво место во Базел 1952 година
Видмар ја претставувал Југославија на шаховските олимпијади во Прага 1931 година и Стокхолм 1935 годинна.
Видмар станал шаховски судија, добивајќи ја титулата меѓународен судија од ФИДЕ и бил главен судија на Светското првенство во шах во 1948 година во Хаг/Москва.
Семејство Неговиот помлад брат, Јосип Видмар, бил влијателен словенечки литературен критичар и јавен интелектуалец; неговиот син, Милан Видмар Џуниор бил меѓународен мајстор во шах.
Почит Словенечката шаховска федерација организира меѓународен велемајсторски турнир наречен меморијал Милан Видмар.dr. Milan Vidmar memorial Tournaments , Slovenian chess federation
Наводи
Категорија:Членови на Словенечката академија на науките и уметностите Категорија:Шаховски судии Категорија:Словенечки писатели Категорија:Југословенски шахисти Категорија:Шаховски велемајстори Категорија:Починати во 1962 година Категорија:Родени во 1885 година