Алја (целосно име: Алја Омладич; родена на , во Мозирје, СФР Југославија) — словенечка поп пејачка.Alya predstavlja singel Moja pesem

Музичка кариера Врските на Алја со музиката одат далеку во нејзиното детство. Почнала да пее доста рано, а како мало девојче свирела и на клавир. Подоцна, таа поканила четири момчиња за да основаат свој бенд. Еден од нејзините први настапи бил на фестивалот Радио Хит во 2001 година и го освоила второто место. После тоа, таа се прославила на различни радио музички топ листи, особено со нејзината следна песна „Игра“, која првпат ја испеала на Словенечкото шоу на супермодели во 2002 година. Цело време имала многу концерти во клубови и настани. Таа, исто така, учествувала на словенечките натпревари за песна за Евровизија и го достигнала врвот на словенечките топ листи. Нејзиниот прв ЦД-албум наречен „Алја“ бил објавен од издавачката куќа Менарт Рекордс Лејбл и бил издаден во април 2004 година. Албумот бил објавен во златно и платино издание. Нејзината песна „Флуид“ ја освоила наградата за најдобра рок песна во Словенија за 2004 година на СРФ (Словенечки радиски фестивал). Во 2004 година ја добила титулата словенечки музичар со најдобар стил (Статуата на Модна Јана). Читателите на магазинот FHM (For Him Magazine) ја одбележале Алја како една од најсексапилните жени во светот. Покрај ова, истражувањето на еден од најголемите словенечки интернет пребарувачи (Najdi.si) покажало дека таа е една од најбараните словенечки уметници на интернет во тоа време. Словенечките новинари ја избрале за пејачка на годината за 2005 година. Таа била рекламно лице на годината за прехранбената компанија Вригли, а во 2006 година направила и промоција за најголемиот словенечки мобилен оператор Мобител.

Наводи

Надворешни врски

Alya's videos Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Словенечки поп пејачи Категорија:Словенечки пејачки Категорија:Словенечки пејачи