Бенито Антонио Мартинес Окасио (шпански: Benito Antonio Martínez Ocasio; роден на 10 март 1994 година), познат по неговото уметничко име Бед Бани (англ. Bad Bunny) ― порторикански рапер, пејач и музички продуцент. Познат е како „крал на латино-трепот“, а бил заслужен за популаризирање на рап-музиката на шпански јазик на светскиот пазар. Тој станал прв музичар од неанглиско говорно подрачје кој бил прогласен за најстримуван изведувач на годината на Spotify, а тоа го направил три последователни години од 2020 до 2022 година. Неговиот албум Un Verano Sin Ti (2022) исто така е најстримуван албум на Spotify.
Животопис
Рани години и почетоци на музичката кариера Бенито Антонио Мартинес Окасио е роден на 10 март 1994 година, во Вега Баја во Порторико. Неговиот татко, Тито Мартинес, бил возач на камион, а неговата мајка Лизаури Окасио е учителка во пензија. Неговите родители често слушале музика од жанрови како: салса, меренге и поп-балади.
Како дете, до 13-годишна возраст, пеел во црковен хор. Откако го напуштил хорот, покажал интерес кон музиката од музичарите кои ги слушал на радио, особено за Деди Јенки и Хектор Лаво.Shepherd, Julianne Escobedo (August 28, 2018). Неговото уметничко име потекнува од времето кога бил принуден да носи костим од зајаче и бил лут поради тоа.Garsd, Jasmine (January 3, 2019).
Од 2013 година, тој почнал да објавува музика на SoundCloud, при што го користел псевдонимот Bad Bunny. Негов прв вирален хит била песната „Diles“ од 2016 година, која го привлекла вниманието на диџеј Лујан од SoundCloud, а Бед Бани потпишал договор со неговата издавачка куќа, Hear this Music.Timothy Monger. "Bad Bunny". AllMusic. Archived from the original on February 15, 2021. Retrieved November 15, 2019.
Пробив и меѓународна слава (2018-2019) Во мај 2018 година, американската раперка Карди Би ја објавила песната во соработка со Bad Bunny и J Balvin, „I Like It“, која се искачила на врвот на Billboard Hot 100. На 11 октомври 2018 година, Bad Bunny ја објавил песната „Mia“ со Дрејк, која стигнала до петто место на Billboard Hot 100.
Неговиот прв албум, X 100pre, го објавил на 24 декември 2018 година. Албумот се искачил на 11-то место на американската топ-листа за албуми Билборд 200. Во 2020 година, X 100pre бил ставен на 447-мо место на списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња објавен од списанието Ролинг Стоун.
На 28 јуни 2019 година, Bad Bunny го објавил Oasis, албум со осум песни во соработка со J Balvin. Аблумот ги содржел хитовите: „Qué Pretendes“ и „La Canción“.
Следни албуми и музички достигнувања (2020-денес) На 29 февруари 2020 година, Bad Bunny го објавил албумот YHLQMDLG. Насловот на албумот е акроним од „Yo Hago Lo Que Me Da La Gana“ (во превод на македонски „го правам она што го сакам“) и содржел соработки со Daddy Yankee, Yaviah, Jowell & Randy, Ñengo Flow и други музичари. YHLQMDLG дебитирал на второ место на американската топ-листа за албуми Билборд 200 и станал албум на шпански јазик кој достигнал највисока позиција на топ-листата дотогаш.
YHLQMDLG бил најпродаван латино албум во САД за 2020 година. Bad Bunny и YHLQMDLG соодветно станале најстримуван изведувач и албум на Spotify на светско ниво во 2020 година. Ова било првпат музички изведувач од неанглиско говорно подрачје да се најде на врвот на листата за крајот на годината. Албумот ја добил наградата „Греми за најдобар латино-поп или урбан албум“ на 63-тото годишно доделување на Греми наградите.
Во јули 2020 година, Бед Бани се појавил на првата дигитална насловна страница од списанието Playboy и станал прв маж кој се појавил на насловната страница, исклучувајќи го основачот на списанието, Хју Хефнер. Тој исто така ја добил награда „Латино ASCAP“ за текстописец на годината. Во октомври 2020 година, Bad Bunny го објавил синглот „Dakiti“, во соработка со Џеј Кортез, кој се искачил на врвот на Billboard Global 200. Песната била вклучена на неговиот трет студиски албум, El Último Tour Del Mundo, кој бил објавен на 27 ноември 2020 година. Станал прв албум на целосно шпански јазик кој се искачил на прво место на Билборд 200.
Bad Bunny освоил најмногу награди на <i id="mwAkk">Билбордовите награди за латино-музика</i> во 2021 година; освоил десет награди, вклучувајќи ја и наградата за „Изведувач на годината“. Во септември 2021 година, се нашол на списокот <i id="mwAls">Time</i> 100 од списанието Тајм на кој се рангираат 100 највлијателни луѓе во светот. Бед Бани ја добил наградата за најдобар урбан музички албум и најдобра рап/хип-хоп песна на 22-те годишни награди на Латино-Греми награди. El Último Tour Del Mundo ја освоил наградата за најдобар урбан музички албум на 64-тото годишно доделување на Греми наградите. Во декември 2021 година, било објавено дека Bad Bunny станал најстримуваниот изведувач на годината на Spotify на светско ниво, втора година по ред.
На 6 мај 2022 година, Bad Bunny го издал неговиот четврти (севкупно петти) студиски албум Un Verano Sin Ti кој бил комерцијално успешен и дебитирал на прво место на Билборд 200 каде се задржал тринаесет непоследователни недели. Албумот бил прогласен за албум со најдобра изведба на годината на топ-листата за крајот на годината на Билборд 200, како и за албум со најдобра изведба на светот во 2022 година според IFPI, со што Bad Bunny станал прв Латиноамериканец кој ја освоил наградата IFPI Global Chart. Исто така, го соборил рекордот за најстримуван албум на сите времиња на Spotify. Un Verano Sin Ti станал прв албум на шпански јазик кој бил номиниран за наградата „Греми за албум на годината“.
Bad Bunny ја започнал неговата четврта концертна турнеја World's Hottest Tour на 5 август 2022 година. На 4 октомври 2022 година, турнејата, со заработка од 232,5 милиони американски долари, станала турнеја со најголема заработка од латино-изведувач на сите времиња. Bad Bunny добил најмногу номинации (осум) на Американските музички награди во 2022 година, вклучувајќи ја и неговата прва номинација за изведувач на годината. Списанието Билборд го прогласил за изведувач на годината за 2022 година. Тој, исто така, станал најстримуван изведувач на годината во 2022 година; трета година по ред.
Албумот Nadie Sabe Lo Que Va a Pasar Mañana, кој содржел 22 песни, бил објавен на 13 октомври 2023 година. На 5 јануари 2025 година, го издал неговиот седми албум, Debí Tirar Más Fotos.
Бед Бани ја откажува својата турнеја во САД закажана за септември 2025 година, наведувајќи загриженост дека Службата за имиграција и царина на САД би можела да уапси мигранти за време на пристојна посета на неговите концерти.
Глумечка кариера Bad Bunny се обидел да започне и филмска кариера. Се појавил во телевизиската серија Narcos: Mexico и во филмот Брз како куршум (2022) во кој глумел заедно со Бред Пит. Во 2023 година, глумел во филмот Cassandro, кој добил потврдни одзиви.
Професионална кариера во борење Самопрогласен доживотен љубител на професионалното борење, Бед Бани почнал да се појавува во американската промоција WWE во 2021 година. За време на годишниот настан Royal Rumble на WWE, одржан на 31 јануари 2021 година, Бед Бани ја извел својата песна „Booker T“ во живо, на која се појавил и поранешниот истоимен борач. Потоа почнал да се појавува во неделната телевизиска емисија на WWE, Monday Night Raw.
Ран живот Бенито Антонио Мартинез Окасио се роди на 10 март 1994 година во Бајамон, и бил растан во квартала Алмирате Сур во Вега Баја, Пуерто Рико. Неговиот татко, Тито Мартинез, бил возач на камион, а неговата мајка, Лисаури Окасио, е пензионирана учителка. Има двајца помлади браќа, Берни и Бисал. Неговите родители често слушале жанрови како што се сола, Меренг и поп балади.
Најраното музичко сеќавање на Мартинез било кога ја добил плочата Оној што умре (шп. Aquel Que Había Muerto) од Пуерториканскиот рапер и пионер на регетон Вико С како подарок на Божиќ кога имал 5 години. Неговите први купувања вклучувале CD-и од Марк Антони и Виктор Мануел."Bad Bunny Talks Growing Up in Vega Baja and Early Music Influences". Billboard. October 18, 2018. Archived from the original on October 30, 2021. Retrieved March 26, 2019 – via YouTube.Chocano, Carina (May 24, 2022). "The World's Newest Superhero: Bad Bunny". GQ. Archived from the original on September 11, 2022. Retrieved September 11, 2022. Мартинез вели: "Не бев дете кое се вклучуваше на улица. Ми се допаѓаше да бидам дома со моето семејство". Тој со мајка му неделно ја посетуваше црквата и пеел во црковниот хор до 13 години. Откако го напуштил хорот, почнал да се интересира за уметниците што ги слушнал на радио, особено Деди Јанки и Хектор Лавое. Shepherd, Julianne Escobedo (August 28, 2018). "Cover Story: Bad Bunny". The Fader. Archived from the original on November 6, 2019. Retrieved November 26, 2019. Неговото уметничко име потекнува од кога бил принуден да носи костум на зајак и бил лут поради тоа.
По завршувањето на средното училиште во 2012 година, Мартинез се запишал во програмата за аудиовизуелни комуникации на Универзитетот во Пуерто Рико во Аресибо, со цел да стане радио водител. Работел со неполно работно време во супермаркет како касиер додека создавал музика. Тој го напушти универзитетот без да дипломира за да ги продолжи своите музички амбиции. За пуерториканската музичка индустрија, тој изјави, "Јас сум од Вега Баја, мал место кое не е метрополис како Сан Хуан од каде што доаѓаат најголемиот дел од уметниците на жанрот". Дискографија Соло студиски албуми
X 100pre (2018) YHLQMDLG (2020) (2020) Un Verano Sin Ti (2022) Nadie Sabe Lo Que Va a Pasar Mañana (2023) Debí Tirar Más Fotos (2025)
Студиски албуми во соработка
Оаzis (со Џеј Балвин ) (2019)
Филмографија +Филм година Наслов Улога Белешки 2021 F9 Надзорник 2021 година Te Deseo Lo Mejor Самиот Анимиран краток филм заснован на Симпсонови, незаслужен 2022 година Брз како куршум Волкот Се смета за неговото родено име 2023 година Касандро Фелипе Постпродукција Снимање
Наводи
Надворешни врски
Bad Bunny's profile at Wrestlingdata.com , Internet Wrestling Database
Категорија:Добитници на MTV Video музички награди Категорија:Добитници на Греми Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Статии со извори на шпански (es) Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Пејачи на шпански јазик Категорија:Порторикански пејачи Категорија:Порторикански борачи Категорија:Порторикански рапери Категорија:Латино-поп пејачи