Клуб Сантос Лагуна или само Сантос Лагуна — професионален фудбалски клуб од Тореон, Мексико. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, најсилното ниво во мексиканскиот фудбал.
Клубот е основан во 1983 година, а во првата мексиканска лига дебитирал во сезоната 1988-1989. Досега, Сантос Лагуна има освоено 6 титули во Примера Дивисион, еден Куп на Мексико и една титула во натпреварувањето Првак на прваците. Меѓународно, клубот два пати стигнувал до финалето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите, губејќи ги и двете од .
Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Корона кој има капацитет од 30.000 седечки места. Во 2010 година, Сантос Лагуна потпишале партнерство со шкотскиот клуб Селтик, со кои ги споделува традиционалните бои;Celtic to form ties with Mexican club Santos Laguna BBC Sport, December 9, 2010 и двата клуба играат во пругасти зелено-бели дресови. Во анкета во 2013 година, Сантос Лагуна бил избран за петти најпопуларен клуб во Мексико.
Играчи Моментален состав
Повлечени броеви 58 – Џаред Боргети, напаѓач (1996 - 2006)
Титули Национални натпреварувања Примера Дивисион : 6 Инвиерно 1996, Верано 2001, Клаусура 2008, Клаусура 2012, Клаусура 2015, Клаусура 2018 Куп на Мексико : 1 Апертура 2014 Првак на прваците : 1 2015
Меѓународни натпреварувања КОНКАКАФ Лига на шампиони : 0 Финалист: 2011-2012, 2012-2013
Наводи
Надворешни врски
Сантос Лагуна on YouTube Сантос Лагуна – Flickr Super Santos Laguna
Сантос Лагуна Категорија:Сантос Лагуна