Тони Флигаре (роден на 6 јануари 1981) ― поранешен шведски фудбалер со македонско потекло, кој играл како напаѓач. Својата кариера ја започнал во младинските редови на ФК Малме, каде играл заедно со Златан Ибрахимовиќ. Во текот на својата кариера настапуваше за неколку клубови меѓу кои Асириска ФФ, СВ Вехен Висбаден и ФК Цементарница во Првата македонска фудбалска лига. На меѓународно ниво, Флигаре одигра 30 натпревари за младинската репрезентација на Шведска и постигна 17 голови.https://www.transfermarkt.com/tony-flygare/profil/spieler/172336
Флигаре во младоста многумина го сметаа за подобар играч од Златан Ибрахимовиќ. Тоа е и насловот на неговата автобиографска книга објавена во 2014 година — „Некогаш бев подобар од Златан“.
Наводи
Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Малме Категорија:Луѓе од Малме Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1981 година