мини|„Благовештение“ од Пауло де Матеј Архангел () — во христијанското вероучение, една од највисоките категории (редови) на ангели. Во системот на ангелска хиерархија на Псевдо-Дионисиј Ареопагит, тоа е осмиот од деветте ангелски реда. Во канонските книги на Библијата, само Михаил непосредно се нарекува архангел (Јуда 1:9), но според црковната традиција има седум архангели.

Во Православната црква се спомнуваат седум архангели: Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Јегудил и Варахил. Познати се и: Еремил, Сихаил, Задкил, Јофил.

Опис Зборот „архангел“ во Библијата за првпат се појавува во Третата книга на Ездра (4:36), каде што така се нарекува ангелот Еремил. Потоа, ова име било усвоено и од авторите на Новиот завет (Јуда 1:9; 1. Сол. 4:16) и христијанската книжевност.

Во канонските книги на Библијата, само Михаил непосредно се споменува како архангел, но според второканонските книги на Библијата и црковните преданија и легенди има неколку архангели. Според второканонската Книга на Товит (12:15), има седум свети ангели што ги принесуваат молитвите на светците и се вознесуваат пред славата Господова.

Наводи

Надворешни врски

The World of Djinn and Its Secrets The Zoroastrian Religion and its Progeny Synaxis of the Archangel Michael and the Other Bodiless Powers—Orthodox icon and synaxarion

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Архангели Категорија:Ангели во христијанството Категорија:Класи на ангели