Хиперфосфатемија е нарушување на електролитната рамнотежа кое се карактеризира со зголемено ниво на фосфати во крвта. Кај повеќето случаи не се јавуваат симптоми, а кај некои се јавуваат калциумови депозити во меките ткива. Нарушувањето често е пропратено со ниско ниво на калциум во крвта, што може да резултира со мускулни спазми.

Најчести причинители се бубрежна слабост, псевдохипопаратироидизам, хипопаратироидизам, дијабетична кетоацидоза, синдром на туморна лиза, и рабдомиолиза. Дијагнозата се поставува кога нивото на фосфати во крвта надминува 1.46 mmol/L (4.5 mg/dL). Нивоата можат да бидат лажно зголемени при хиперлипидемиј, хиперпротеинемија, или хипербилирубинемија.

Третманот може да вклучува исхрана со мала содржина на фосфати и соединенија кои врзуваат фосфати, како калциум карбонат. Повремено може да се користи и изотоничен физиолошки раствор или дијализа. Не е познато колку често се јавува.

Наводи

Категорија:Метаболични пореметувања