мини|295x295пкс|Јудино дрво Cercis siliquastrum, популарно познато како дрвото на Јуда, е листопадно дрво од Јужна Европа и Западна Азија, кое е познато по своите интензивни светло розови цветови кои се појавуваат на пролет. Припаѓа на семејството на бобови (науч. Fabaceae) и може да биде грмушка, понекогаш и пониско дрво.
Опис Овој вид формира дрво до 12 метри височина и 10 метри широк. Круната е широка, кората е тенка, сиво-црна и испукана. Млади гранчиња се голи, сјајни, кафеаво-црни. Лисја се наизменични, прости,неназабени, широко заоблени, основата е срцевидно длабоко засечена, долги се 6 до 9 сантиметри и широки 8 до 12 сантиметри. Врвот им е заоблен или засечен, задната страна е посветла, синкаво-зелена и со проста нерватура. Лисната дршка е долга околу 3 сантиметри. Цвета пред да пролиста.
Интензивно светло розови цветови се развиваат во доцна пролет на ластари постари од една година, а и на стеблото (каулифлорија). Лисјата се појавуваат веднаш по цветањето. Дрвото раѓа долги рамни висечки мешунки. Цветовите се јадат и се со слатко-кисел вкус.
Таксономијата Овој вид првпат бил опишан од Карл фон Линеј во 1753 година и му даде епитет кој потекнува од латинскиот збор, што значи „мешунка“. Името на родот доаѓа од грчкиот збор „ совалка “, бидејќи наликува на оваа алатка за ткаење.
Постојат неколку варијанти и подвидови на дрвото на Јуда:
var. hebecarpa Bornm. nothosubsp. yaltikirii (Ponert) Govaerts var. siliquastrum var. alba Weston
Репродукција и еколошки аспекти Цветовите се опрашуваат од пчели, привлечени од нектарот. Поленот од прашникот се лепи за телото на пчелата и се пренесува на толчникот на други цветови.
Во Израел, ова растение има статус на заштитен вид.
Одгледување мини| Каулифлорија Јудиното дрво сака длабока, добро исушена почва, делумно или целосно изложена на сонце.
Култивари вклучуваат:
'Afghan Deep Purple' 'Alba' - бели цветови 'Bodnant' 'Carnea' 'Fructa Rubra' 'Penduliflora' 'Rubra' - тамно ружичасти цветови 'Sterilis' 'Variegata' 'White Swan'
Дрвото е подложно на напад од растителни вошки и цикади, и болести како што се антракноза и вертицилиозна овенатост.
Во популарна култура Постои широко распространет мит дека Јуда Искариот се обесил на дрво од овој вид. Ова верување потекнува од толкувањето на народното име „Дрво на Јуда“, што потекнува од лош превод на француското име, кое значело „дрво од Јудеја “, што се однесува на ридските области на Светата земја каде што ова дрво било широко распространето. Друга можна причина за овакво име е фактот што цвеќињата и мешунките висат надолу што личи „на смртта на Јуда'.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
International Legume Database & Information Service (ILDIS): Cercis siliquastrum The Royal Horticultural Society : Circus siliquastrum Wildflowers of Israel : Judas tree
Категорија:Флора на Азија Категорија:Флора на Европа Категорија:Каулифлорија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година