Брадавица () — испакнатост на врвот на дојката каде што се отвораат порите на млечните жлезди. Брадавицата е опкружена со ареола, која често има потемна боја од остатокот од околната кожа. Кај жените, на крајот од бременоста и за време на доењето, мајчиното млеко се лачи од млечната жлезда, кое може пасивно да тече низ брадавицата или може да се исфрли со собирање на мазните мускули.
Кај луѓето, брадавиците на мажите и на жените можат да се стимулираат како дел од половата возбуда. Во многу култури, женските брадавици се сексуализирани или гледани како сексуални објекти и ценети во однос на нивните физички одлики и сексуална привлечност.
Анатомија Брадавицата е мала испакнатост на кожата на дојката, на кое има мали отвори во кои се отвораат од 15 до 20 канали на млечната жлезда, распоредени цилиндрично околу врвот.
Просечната испакнатост на женските човечки брадавици е 10 мм.M. Hussain, L. Rynn, C. Riordan and P. J. Regan, „Nipple-areola reconstruction: outcome assessment“; European Journal of Plastic Surgery, Vol. 26, Num. 7, декември 2003
Брадавиците на мажите и жените се менуваат во текот на нивниот живот, па оваа промена може да се очекува и да се смета за нормална. Некои неочекувани промени можат да вклучуваат: набрчкување на кожата на брадавицата, чешање на брадавиците, брадавицата е топла на пипање, црвена или болна, кожата околу брадавицата се лупи, кожата е нечиста со големи пори, брадавиците се искривени или превртени.
Ерекција на брадавиците За време на половата возбуда, како и за време на фазата на овулација, може да се забележи појава на ерекција и чувствителност на брадавиците. Ерекцијата на брадавиците е предизвикана од собирањето на мускулните влакна сместени во неа и, за разлика од ерекцијата на дразницата, не е поврзана со крвотокот.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Дојка Категорија:Човечка сексуалност Категорија:Ембриологија Категорија:Егзокрини жлезди