Шингу () или Б’ти () — река во северен Бразил, југоисточна притока на Амазон. Долга е 1.640 км и е една од најголемите бистроводни реки во Амазонскиот слив, со удел од 5 % од нејзината вода.

__TOC__

Опис и историја На почетокот на 1960-тите бразилската држава го создала првиот домороден парк во Бразил. Паркот ја бележи првата староседелска територија признаена од бразилската влада и своевремено бил најголемиот домороден резерват на светот. Денес во Домородниот парк Шингу живеат 14 племиња кои опстојуваат од природните ресурси, добивајќи храна и вода од реката.

Државата ја изградила браната „Бело Монте“ на Долно Шингу, чија хидроелектрана почнала да работи од 2019 г. Изградбата била правно оспорена од природозаштитни и домородни групи, кои тврделе дека таа ќе влијае погубно по природната средина и домородното општеством намалувајќи го протокот на вода за 80 % долж 100-километарскиот потег наречен Вулта Гранде („Голем Свијок“). Текот во овој потег е многу сложен и има големи делови со брзаци. Во сливот на Шингу се документирани преку 450 видови риби, а се проценува дека има вкупно 600, од кои многу ендемски видови.Camargo, M., T. Giarrizzo and V. Isaac (2004). Review of the geographic distribution of fish fauna in the Xingu River Basin, Brazil. Ecotropica 10: 123–147 Во брзаците на Долно Шингу се познати барем 193 видови риби, од кои барем 26 се ендемски. Само во периодот од 2008 до 2018 г. се пронајдени 24 нови видови риби.Hyland, T: Race against time. . Многу видови се озбилно загрозени од браната, за која се мисли дека значително ќе го измени текот на брзаците во Вулта Гранде.Ekström, J. (23 декемрви 2007) Hydroelectric dam constructions in Amazonas. .Survival International (2009). Experts Panel Assesses Belo Monte Dam Viability. .

Во претколумбовско време, подрачјето на Горно Шингу живеле самоуредени заедници кои ги обработувале наслагите на плодната црница наречена „тера прета“. Секоја самостојна заедница имала територија со големина од околу .

Близу изворот на Шингу е реката Кулуене, која е негова притока, долга 600 км.

Поврзано Перси Фосет Домороден парк Шингу Шингуански народи

Наводи

Литература Cowell, Adrian. 1973. The Tribe that Hides from Man. The Bodely Head, London. Original text from 1911 Encyclopædia Britannica

Надворешни врски

Сливот на Шингу — Алијанса за амазонските води Шингу — Енциклопедија Британика Природознание и општествена историја во коридорот на домородните предели и заштитените подрачја на сливот на Шингу — напис во Phil. Trans. R. Soc. B

Категорија:Реки во Бразил Категорија:Притоки на Амазон