Благоја Тикваровски познат и како Благој Тикваров, роден Благоја Илија Тикваровски — македонски политичар, економист и учесник во народната ослободителна борба. Деец во Комунистичката партија на Југославија и подоцна Комунистичката партија на Македонија. Меѓу 1957 и 1960 бил назначен за градоначалник на градот Велес. За време на неговиот мандат тој го развил индустрискиот капацитет на градот. Поради неговите успешни придонеси тој бил назначен за претседател на стопанската комора на СР Македонија. Носител е на орденот за труд.

Животопис Роден е во семејство на економисти во Велес, роднина е со велешкиот партизан Јован Тикваров. Тикваровски потекнува од т.н. Џајкаво маало, исто маало каде што потекнува Бане Андреев-Ронката, Ганчо Хаџи Панзов и Димитар Апасиев. Во млади години се приклучил во Комунистичката партија на Југославија и за време на Втората светска војна учествува во народната ослободителна борба во Велешкиот регион. За НОБ во Велес и Велешко тој напишал повеќе дела како „Активноста на Мирче Ацев во работата на Велешката партиска организација“ и „Страшо Пинџур во Велешката партиска организација во 1941-1942 година“.

После војната се приклучува во Комунистичката партија на Македонија и во 1957 година бил назначен за градоначалник на Титов Велес. Неговиот секретар бил Славчо Слабев, поранешен градоначалник на градот меѓу 1953 и 1955 година. Во еден интервју за време на неговиот мандат во српскиот весник „Борба“ тој истакнува како велешката индустрија и нејзините фабрики уште не биле доволно развиени и сакал да ја развие индустрискиот капацитет на градот.Живот наших комуна, Титовелешка стратегија (1958) од Борба, број 248. Напишано од Раша Лазаревиќ и Јован Пешиќ За време на неговиот мандат тој го проширил градот и соработувал со мијачки архитект за градбата на нови згради блиску до Сармаале. Неговиот мандат иако краткотраен имал позитивен впечаток врз развитокот на градот, поради тоа тој бил промовиран во различни други позиции.

Во 1968 година бил делегат во Петтиот конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија. Во 1979 година бил добитник на орденот на труд со црвено знаме поради неговите придонеси.Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (1979) год. XXXV, број 12. Во 1980 година бил назначен за претседател на стопанската комора на СР Македонија.Службен лист на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (1980) год. XXXVI, број 29. Во 21 јули 1983 година бил примен како член во Републичката комисија за проучувањето и воведувањето на нов систем на единствена евиденција на недвижностите, заедно со Јордан Леов, автор на тогашната химна на Титов Велес.Службен весник на Социјалистичка Република Македонија (1983) год. XXXIX, број 25. Но во 29 јануари 1985 година со нова одлука објавена во службениот весник тој бил отстранет од неговата функција.Службен весник на Социјалистичка Република Македонија (1985) год. XLI, број 5 Во 28 јануари 1987 година бил избран за пратеник во тогашното собрание на СР Македонија.Службен весник на Социјалистичка Република Македонија (1987) год. XLIII, број 3. Починал после независноста на Македонија.

Наводи

Категорија:Политичари од Велес Категорија:Градоначалници на Општина Велес Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски економисти Категорија:Дејци на КПМ Категорија:Дејци на КПЈ Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски публицисти Категорија:Носители на Орденот на трудот