Дивиот робот () — американски анимиран научнофантастично-авантуристички филм од 2024 г., произведен од DreamWorks Animation и објавен од Universal Pictures. Станува збор за екранизација на истоимениот роман (2016) од Питер Браун. Сценариото и режијата е на Крис Сандерс. Во озвучувањето на ликовите учествувале глумците Лупита Нјонго, Педро Паскал, Кетрин О'Хара, Бил Нај, Кит Конор, Стефани Шу, Марк Хамил, Винг Рејмс и други. Според заплетот, опслужувачки робот од типот РОЗУМ завршува на пуст остров и се обидува да се прилагоди на месната флора и фауна и случајно станува посвоителка на едно гувче.

Премиерата на филмот во САД била на 27 септември 2024 г., а во Македонија на 17 октомври истата година.

Содржина Ова епско приклучение го следи патешествието на роботот РОЗУМ 7134, скратено Роз. Роз доживеала бродолом и се нашла на ненаселен остров. За да научи да се прилагоди на суровото опкружување, таа постепено гради однос со животните што живеат таму и на тој начин станува родител на мала гуска. Овој филм е моќна приказна за самооткривање, возбудливо испитување на односот помеѓу природата и технологијата и потресно истражување за тоа што значи да се биде жив и поврзан со живиот свет.

Озвучување ГлумецУлогаЛупита НјонгоРозПедро ПаскалФинкКит КонорБрајтбилКетрин О’ХараРозарепкаБил НајДолговратСтефани ШуВонтраМарк ХамилТорнМет БериПадлерВинг РејмсМолња

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски 3D-филмови