Strophanthus gratus - (строфант) е растение од фамилијата Apocynaceae.

Опис Strophanthus gratus е дрвенеста лијана која може да порасне до 25 метри вовисина и со дијаметар на стеблото до 10 цм. Нејзините миризливи цветови се одликуваат со бела круна, на врвот со црвена или виолетова боја, со розови крунични ливчиња.

Распространетост и живеалиште Strophanthus gratus е домородно растение во тропска Африка: од Сенегал на запад, исток и југ до Демократска Република Конго. Раширен е во Тајван, а исто така и во Тринидад и Тобаго.

Употреба Strophanthus gratus се користи во локалната традиционална медицина: уабаин (кардиотоничен хетерозид) добиен од семето на растението се користи за третман за срцева слабост. Се користел и како отров за стрели."Strophanthus gratus".

Наводи

Категорија:Растенија од тропска Африка Категорија:Лековити растенија