Пончки се полнети крофни кои се дел од полската кујна.
Опис Пончек е пржено парче тесто обликувано во сплескана топка и исполнето со сладок фил. Пончките обично се покриени со шеќер во прав, глазура, или парчиња сушена кора од портокал. Пред да се готви во тестото се додава мало количество алкохол од жито, и како што испарува, спречува тестото да биде многу мрсно. Пончките најчесто треба да се меки, со светла лента на средината околу нив, а овие карактеристики се гледаат како доказ дека тестото било пржено во свежо масло.
Изгледаат како германските берлински крофни или како крофни од желе. Пончките се направени од особено богато тесто кое содржи јајца, масти, шеќер, квасец, а понекогаш и млеко. Џем од сливи и џем од шипка се традиционални филови за овие крофни, но се користат и многу други, како џем од јагода, баварски крем, боровинка, крем, малина и јаболко.
САД Овие крофни станале популарни во САД како резултат на полските имигранти и маркетингот од страна на пекарската индустрија. Се продаваат во пекари главно и на Марди Гра низ Детроит и Чикаго, и особено се популарни во областите каде што има голема концентрација на полски имигранти: Милвоки, Североцентрален и Југоисточен Висконсин, Чикаго, Северен Илиноис, Северозападна Индијана, Метро Детроит, Бафало, Рочестер, Кливленд, Филаделфија, Питсбург, Северен и Централен Њу Џерси, и други места.
Поврзано
Список на видови крофни Полска кујна
Наводи
Надворешни врски
Ден на пончки PSA , во областа Детроит во 2008 година Видео Пончки произведено од Јавната телевизија Висконсин
Категорија:Крофни Категорија:Полска кујна