Мјанво е пржена закуска во форма на крофна од Вухан во провинцијата Хубеи во централна Кина. Се прави од млеко од соја, оризово млеко, брашно, сусам и сечкан кинески млад кромид. Обично има солен вкус, но послатка варијанта може да се направи со исечен сладок компир.
Потеклото на мјанво не се знае, но традиционално се смета дека е од ерата Гуангсу од династијата Чјинг (1875–1909). Еден локален производител на колачи од сусам, Чанг Зирен, наводно го создал првиот мјанво додека експериментирал со нови сорти на колачи со семе.
Поврзано
Кинеска кујна Список на видови крофни
Наводи
Категорија:Кинеска кујна Категорија:Крофни