Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него — брошура напишана од истакнатиот македонски социјалист и политичар од Велес Александар Ончев Мартулков. Делото е издадено од Институтот за национална историја во 1946 година во градот Скопје. Брошурата е повеќе познато по тоа што е најстарото дело во новосоздадената Социјалистичка Македонија кое дискутира за темата на врховизмот и нејзините следбеници. 200px|мини|Александар Мартулков Информации

Враќањето на Мартулков во Македонија

мини|268x268пкс|Некои од старите македонски револуционери кои биле поканети во второ заседание на АСНОМ, првиот од десно седејќи е Александар Мартулков За време на Второто заседание на АСНОМ, задржано меѓу 28 и 30 декември 1944 година, еден од истакнатите делегати кој биле поканети е Александар Мартулков заедно со некои од неговите блиски социјалистички соработници како Ризо Ризов, Димитар Влахов и Крсте Гермов-Шакир. Со поканата од комитетот за свикување на АСНОМ Мартулков конечно имал можност да се врати во Македонија, нешто што не можел да исполни откако ја отпушил земјата во 1920-тите. Тој, заедно со другите македонски активисти во Софија, биле возбудени поради неодамнешниот развој на народната ослободителна борба. Светозар Вукмановиќ како дел од договорот меѓу Илинденската организација во Софија помогнал со финансирањето на патувањата на старите македонски револуционери.

За време на второто заседание на АСНОМ Мартулков ретко зборувал, според повеќето архивирани документи единственото барање што тој го упати до Президиумот на АСНОМ е да го приклучиле Густав Влахов, синот на Димитар Влахов во новата македонска комунистичка влада. Поради големиот почит на Президиумот на АСНОМ кон Мартулков, тие го исполниле неговото барање. За време на второто заседание на АСНОМ Презиумот одлучил да го приклучиле Мартулков во новата владата како пратеник во тогашниот парламент. Според Михаило Лалиќ во статијата Скопске слике и Контрасти кога го прашал Мартулков како се чувствувал кога влегол за прв пат после 30 години во Скопје, Мартулков истакнал:

Делото Откако се вратил во Скопје, Мартулков почнал да пишува повеќе брошури за неговиот живот и дејства за време на македонското револуционерно движење. Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него не му било неговото единствено дело објавено во 1946 година, во исто период тој го објави и брошурата Развитокот на социјалистичката мисла пред Илинденското востание. Повеќето од неговите дела не добија големо внимание и како резултат на тоа се слабо архивирани и не се знае многу за нив освен насловот. Во Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него најмногу дискутира за судирите помеѓу Македонската револуционерна организација и врховистите. Други дискутирани теми се како Јане Сандански ги критикувал за време на Рилскиот конрес и како групата се поделила поради нивното негативно влијание врз револуционерната организација организацијата. Брошурата е повеќе познато по тоа што е најстарото дело во новосоздадената социјалистичка Македонија кое дискутира за темата на врховизмот и нејзините следбеници.

Поврзано

Моето учество во револуционерните борби на Македонија

Наводи

Категорија:Александар Мартулков Категорија:Книги за Македонија Категорија:Појавено во 1946 година во Македонија