Кристин Мулер-Шварце била американски психолог од Државниот универзитет во Јута и првиот американски научник кој работел на копното на Антарктикот.
Работа на Антартикот
Таа го придружувала својот сопруг, Дитланд Мулер-Шварце, биолог, до Кејп Крозиер на островот Рос. Летајќи од Крајстчерч, Нов Зеланд, на 15 октомври 1969 година, тие пристигнале на Антарктикот да ги проучуваат пингвините Адели во Кејп Крозиер, на околу 50 милји од американската станица МекМурдо. Четири други американски научници им се придружиле на Мулер-Шварце три недели подоцна. Извесно време, двојката ја делела теренската кабина со други научници, но подоцна имале свое склопливо иглу од фиберглас. Во раните 1970-ти, тие работеле и на островот Кристин чие име било предложено во чест на Кристин од нејзиниот сопруг кој работел за американската програма за истражување на Антарктикот (USARP).
Џонс и уште шест жени научници биле однесени на Јужниот пол на 12 ноември 1969 година, но Мулер-Шварце го одбила патувањето бидејќи била премногу зафатена со своите пингвини.
Мулер-Шварце и нејзиниот сопруг го проучувале однесувањето на односите предатор-плен помеѓу морски леопард и јужнополарен поморник, како и профилактичкото и одбранбеното однесување на пингвините Адели.
Заедно со нејзиниот сопруг, Мулер-Шварце ги објавила своите наоди за пингвините на на германски, првпат тие биле објавени во 1975 година.
Наводи
Категорија:Жени биолози