Црн хумор, мрачна комедија, мрачен хумор, или морбиден хумор, е стил на комедија што користи тема која генерално се смета за табу, особено темите кои вообичаено се сметаат за сериозни или болни за да се разговара за нив. Писателите и комичарите често го користат како алатка за истражување на вулгарни прашања со тоа што предизвикуваат непријатност, сериозна мисла, но и забава за својата публика. Така, во фикцијата, на пример, терминот црна комедија може да се однесува и на жанр во кој црниот хумор е основна компонента. Карикатуристот Чарлс Адамс бил познат по таквиот хумор.
Додека терминот црна комедија е релативно широк поим кој опфаќа хумор што се однесува на многу сериозни теми, црниот хумор има тенденција да се користи поконкретно во врска со смртта или ситуации кои потсетуваат на умирање. Книжевните критичари ги поврзуваат црната комедија и црниот хумор со Аристофан.
Етимологија Терминот црн хумор бил измислен од надреалистичкиот теоретичар Андре Бретон во 1935 година додека ги толкувал делата на Џонатан Свифт. Бретон анализирал некои од записите на Свифт, нарекувајќи ги поджанр на комедијата и сатирата во кои смеата произлегува од цинизмот и скептицизмот, често потпирајќи се врз теми како што е смртта.
Бретон го измислил терминот за неговата книга од 1940 година „Антологија на црниот хумор“ (Anthologie de l'humour noir), во која тој го смета Џонатан Свифт како основоположник на црниот хумор. Во својата книга, Бретон вклучил и извадоци од 45 други писатели.
Историја Меѓу првите американски писатели кои употребиле црна комедија во своите дела, биле Натанаел Вест и Владимир Набоков.
Меѓу неодамнешните писатели предложени како црни хумористи од страна на новинарите и книжевните критичари, се Роалд Дал, Курт Вонегат, Ворен Зивон, Кристофер Дуранг, Филип Рот, и Веико Хуовинен. Ивлин Во е наречен „првиот современ писател кој го продуцирал одржливиот црн стрип роман“.
Природа и функции Зигмунд Фројд, во својот есеј од 1927 година Хумор, иако конкретно не го спомнува „црниот хумор“, наведува буквален пример на црн хумор. Пол Луис предупредил дека оној „ослободувачки“ аспект на шегите со црн хумот зависи од контекстот на шегата: дали шегата ја кажува самата загрозена личност или некој друг.
Црниот хумор е честа појава во професии и средини каде работниците рутински треба да се занимаваат со мрачни теми. Ова ги вклучува полицајците, пожарникарите, екипите за брза помош, воениот персонал, новинарите, адвокатите и директорите на погреби, каде што е признат механизам за справување со секојдневието.
Наводи
Категорија:Стоечка комедија Категорија:Шеги Категорија:Хумор Категорија:Филмски жанрови