Потамологија (од - река, - наука) — гранка на хидрологијата која се занимава со изучување на реките. Таа ги изучува површинските водотеци и нивниот режим, динамика и појавата на ерозија.

Покрај тоа, потамологијата ги разгледува морфометријата на речните сливови, структурата на водотечните мрежи; каналските процеси, режимите во речните устија; испарувањето и цедењето на вода во сливот. Чинители кај реките се топлината, режимот на замрзнување, режимот на талози и наноси, изворите и видовите на напојување, како и разните хемиски и физички процеси во реките.

Поврзано Хидрологија

Наводи

Категорија:Хидрологија