A super star cluster (крат. ЅСЈ или SSC, од анг. super star cluster) — многу масивно младо расеано јато кое се смета за претходник на збиено јато. Овие јата се нарекуваат „суперјата“ бидејќи се релативно посјајни и имаат повеќе маса од другите млади ѕвездени јата. Меѓутоа, ЅСЈ не мора да биде физички поголемо од други јата, туку да има поголема маса и сјајност. Типично содржат многу голем број млади масивни ѕвезди кои го јонизираат околното H II-подрачје или таканаречено „ултрагусто HII-подрачје“ во Млечниот Пат или други галаксии (меѓутоа, ЅСЈ не мора секогаш да е сместено во HII-подрачје). Едно H II-подрачје на ЅСЈ од своја страна е опкружено со обвивка од прашина. Во многу случаи, светлината на ѕвездите и HII-подрачјата е невидлива на извесни бранови должини (како што е видливиот спектар) поради големиот степен на згаснување. Затоа, најмладото ЅСЈ are најдобро се забележува и фотографира од радиобранови и инфрацрвено зрачење. ЅСЈ како Вестерлунд 1 (Wd1) се среќаваат и во Млечниот Пат. Но највеќето се забележани во подалечни краишта на вселената. Само во галаксијата M82 се забележани 197 млади ЅСЈ со вселенскиот телескоп „Хабл“.
Начелно, ЅСЈ се образуваат со заемодејствата помеѓу галаксиите и подрачјата со голема ѕвездообразба и доволно голем притисок за да се задоволат условите за образување на ѕвездено јато. Овие подрачја можат да бидат понови галаксии каде се создаваат бројни млади ѕвезди, џуџести ѕвездородни галаксии, краци на спирални галаксии со голем степен на ѕвездообразба и при спојување на галаксии. Во 1996 г. објавени се наоди од сликите на ѕвездородни прстени во пет различни пречкести галаксии во УВ-спектарот на вселенскиот телескоп „Хабл“. Во прстените се гледаат грутки од бројни ѕвездени јата каде има висок степен на ѕвездообразба. Утврдено е дека овие јата имаат маса од до , старост од околу 100 милиони години и полупречници од 5 парсеци. Се смета дека подоцна тие се развиваат во збиени јата. Овие својства одговараат на оние на ЅСЈ.
Одлики и својства Типичните одлики и својства на ЅСЈ се: Маса Полупречник ≈ 5 пс ≈ Старост ≈ 100 милиони години (иако други извори велат дека забележните ЅСЈ имале старост од 1 милијарда години) Голема електронска густина = – (ова е својство на HII-подрачјето поврзано со ЅСЈ) Притисок = –. (ова е својство на HII-подрачјето поврзано со ЅСЈ)
Придонеси на „Хабл“ Со оглед на релативно малата големина на ЅСЈ во споредба со нините матични галаксии, во минатото астрономите тешко ги наоѓале поради ограничената разделност на наземните и вселенските телескопи од тоа време. Со пуштањето на вселенскиот телескоп „Хабл“ во 1990-тите, пронаоѓањето на ЅСЈ (како и други астрономски тела) станало многу полесно заради значително повисоката разделност на „Хабл“ (аголна разделност ~ лачни секунди). Ова воедно им овозможило на астрономите да ги измерат нивните својства, како и својствата на поединечни ѕвезди во ЅСЈ. Во поново време откриена е масивната ѕвезда Вестерлунд 1-26 во суперјатото Вестерлунд 1 од Млечнипт Пат. Се смета дека нејзиниот полупречник е поголем од оној на Јупитеровата орбита околу Сонцето.
Некои ѕвездени суперјата Име Галаксија Забелешки Навод Слика Вестерлунд 1 (Wd1) Млечен Пат Прво ЅСЈ откриено во Млечниот Пат од Бенгт Вестерлунд во 1961 г. центар|180п|Вестерлунд 1 NGC 3603 Млечен Пат Кандидат за ЅСЈ центар|180п|NGC 3603 NGC 2070 Голем Магеланов Облак Кандидат за ЅСЈ центар|180п|NGC 2070 R136 Голем Магеланов Облак Прототип на ЅСЈ, во NGC 2070 центар|180п|R136 (во маглината Тарантула) NGC 346 Мал Магеланов Облак Можеби е ЅСЈ alt=NGC 346|центар|180п|NGC 346 NGC 1569 A1 и A2 (NGC 1569 A) NGC 1569 Јата A1 и A2 го образувале ЅСЈ A центар|180п|NGC 1569 NGC 1569 B NGC 1569 Содржи постаро население на црвени џинови и црвени суперџинови центар|180п|NGC 1569 средишно ЅСЈ на NGC 5253 NGC 5253 Многу правилово, во ѕвездообразбата е во тек. Особено богато со ѕвезди од типот O, барем 7.000. центар|180п|NGC 5253
Наводи
Надворешни врски Откриено чудовишно ѕвездено суперјато во Млечниот Пат
Категорија:Ѕвездени јата