Метално сиромашна ѕвезда збогатена со јаглерод (наречена CEMP-ѕвезда, од анг. carbon-enhanced metal-poor star) — класа на хемиски необични ѕвезди. Имаат [C/Fe] > +1, што значи дека во споредба со Сонцето, овие ѕвезди се барем десетпати побогати со јаглерод отколку со железо, а [Fe/H] < -1, што значи дека имаат барем десетпати помалку железо од Сонцето.

Овие ѕвезди се делат на класи поред тоа дали се збогатени елементите од r-процесот или s-процесот. Оние од класата CEMP-no не се збогатени. Меѓу нив се најстарите ѕвезди во Млечниот Пат. Другите класи се CEMP-r, CEMP-s и CEMP-r/s. Слабометалните ѕвезди имаат поголема веројатност да бидат CEMP-ѕвезди, и штом [Fe/H] < -5,0, тогаш сите ѕвезди ќе станат CEMP-ѕвезди.

Класи CEMP-r — имаат [Eu/Fe] > +1 и [Ba/Eu] < 0. CEMP-s — имаат [Ba/Fe] > +1 и [Ba/Eu] > +0,5 80 % од CEMP--ѕвездите отпаѓаат на оваа категорија. CEMP-r/s — имаат [Ba/Eu] помеѓу 0 и +0,5 што значи дека се под нивото за CEMP-s ѕвезди. CEMP-no — имаат [Ba/Fe] < 0, Околу 20 % од CEMP-ѕвездите отпаѓаат на категорија.

Наводи

Категорија:Видови ѕвезди