Блажо Еленов ( во — во ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија и бил на чело на Општина Кавадарци во 1944 година.

Животопис лево|мини|281x281пкс|Кавадаречки занаетчии сликани во Белград 1940 година. Стојат од лево на десно: Ѓорѓи Чејков, Ѓорѓи Чемерски, Димо Зарков, Дончо Дубров, Добре Кривиот, Ѓорѓи Шемов, Цандо Мицајков, Ицо Митрев –Жилата, Николаќо Игнатов-Муло, Гичо Бакев, Димо Јосифов, Панчо Грозданов, . Потекнувал од занаетчиско семејство. Го изучил шивачкиот занает кај Спиро Даскалов, а потоа заминал во Загреб каде што работел во една шивачка задруга. Во 1931 година се вратил во Кавадарци и се вклучил во активностите на напредното движење. Во пролетта 1937 година бил уапсен и осуден на три месеци затвор во Велес поради комунистичка дејност. Бил дел од групата кавадаречки занаетчии кои заминале на привремена работа во Белград. Во времето на исфрлање на тиквешкиот партизански одред е доста активен, а на 20 мај 1943 година заедно со една поголема група кавадарчани е уапсен од бугарската полиција и интерниран во Свиштов во работните логори за превоспитување, каде што останал шест месеци.

По ослободувањето на Кавадарци на 20 септември бил избран за претседател на НOO на која функција останал неколку месеци. По војната се повлекол од политиката и продолжил да работи на својот занает. Починал во 1967 година во Кавадарци.

Поврзано

Гичо Еленов

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Политичари од Кавадарци