Гичо Еленов ( во — ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија.

Животопис Завршил основно училиште во Ваташа, а прогимназија во Кавадарци. Во редовите на прогресивно ориентираната младина се вклучил уште во 1936 година заедно со Тодор Велков, Димката Ангелов, Милан Даскалов и други. Во 1941 година делувал во една келија на КПЈ во која членувале: Ристо Џунов, Димката Ангелов, Тефо В'чков и Гичо Еленов.

Тој заедно со уште неколкумина Ваташани положиле заклетва на 28 септември 1941 година во месноста „Раштани”, но поради низа околности тој одред не извел борбени дејствија. Во текот на 1942 и почетокот на 1943 година активно бил вклучен во прифаќањето и сместувањето на групата борци од одредот „Димитар Влахов” во атарот на Ваташа. Убиствата кои биле извршени во Ваташа, како и апсењата и теророт што го спровеле бугарските фашисти во Тиквешијата, а кои својата кулминација ја имале на 16 јуни со свирепото и ѕверско убиство на дванаесеттемина младинци од Ваташа, не само што не го поколебале населението од овој крај, туку напротив го сплотиле, револтирале и охрабриле. Наместо да се исплашат од крвавиот злочин, по убиството на младинците уште петмина ваташани стапиле во редовите на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“ и тоа: Ката Видикова-Ружа, Блажо Чекоров-Ѓуро, Методи Џунов-Џико, Блаже Џунов-Млаѓо, Гичо Еленов и други. Во партизани излегол на 29 мај 1943 година во партизанскиот одред „Добри Даскалов”, со кој учествувал во многу борбени акции. Во 1948 година бил уапсен како Информбировец и одлежал неколку години робија на Голи Оток.

Поврзано

Блажо Еленов

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ