Алаборски Колиби (, до 1926 г. Καλύβια Αλαμπόρου) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Гида на округот Иматија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во областа Урумлак, на десниот јужен брег на Бистрица, спроти Голем Алабор на другиот брег. Лежело северно од Кипсели.
Историја Алаборските Колиби за првпат се спомнуваат како село во 1913 г. со 77 жители. На пописот од 1920 г. во него е заведено 81 лице. Во 1926 г. е преименувано од Каливија Алабору (Колиби на Алабор) во Алаборијана Каливия (Алаборски Колиби). Во 1928 г. населението се покачило на 91 жител. Алаборски Колиби не се спомнува како одделно село на следниот попис од 1940 г. бидејќи станало дел од Кипсели.
Наводи
Категорија:Историски села во Гида