Извор (, Изворос; Ισβορος, Исворос) — поранешно село во Катеринско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Катерина на округот Пиерија, Грција.
Географија Селото се наоѓало на околу 3 км северозападно од селото Каталонија, во подножјето на планината Голен.
Историја Извор е старо село кое се распаднало во немирните години, најверојатно за време на Негушкото востание во 1822 г.
Подоцна селото е обновено и во него се доведени грчки колонисти. За првпат се спомнува во 1940 г. со 91 жител. Се растурило за време на Граѓанската војна (1946–1949) и не е повторно обновено.
На 6 август 1969 г. местноста Исворос (Ισβορος) е преименувана во Архангелос (Άρχάγγελος). за да се отстрани нејзиното македонско име.
Наводи
Категорија:Историски села во Катерина