Креватас ( или Κρεβατάς) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бер на округот Иматија, Грција.

Географија Селото се наоѓа на 5 км северозападно од градот Бер и на 1 км југоисточно од Туркохор.

Историја Селото било чифлигарско. За првпат се спомнува на пописот од 1920 г. со 16 жители. Во 1920-тите тука се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. тоа е забележано како мештанско-дојденско село со 17 лица (5 семејства) Во 1950-тите е споено со Бер и така престанало да постои.

Наводи

Категорија:Историски села во Бер