Грамаѓе — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дрен. Тоа е населба од доцноантичкото време. На 2 км јужно од селото, во непосредната близина на манастирот Св. Илија се гледаат остатоци од градба ѕидана од кршен и приделкан камен со варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули и имбрекси. Во манастирот како чесна трпеза служела мермерна ара со две едикули од кои едната има три бисти, а другата две, сите релјефно обработени. Арата е пренесена во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Џиџево — населба од доцноантичкото време; Кркулка — населба од римското време; Селиште — населба од римското време; Торово Трло — населба од доцноантичкото време; Св. Илија — црква од непознат период; Дрен (Прилепско); Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Дрен (Прилепско)