Странен или Истране (, Перасма; до 1927 г. Ιστράνε, Истране или Ιστράνια) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.

Географија Селото се наоѓа на десниот брег на реката Места, во историско-географската област Чеч. Соседни села се Долна Лакавица, Борово и Вршен. Се наоѓа на брегот на вештачкото Черешовско Езеро.

Историја Во Отоманското Царство Во извадок од список на населените места составен меѓу 1498 и 1502 г. во селото Странен (Странина) са регистрирани 17 немуслимански домаќинства, 6 ергени и 1 вдовица. Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. селото Странен (Истаране) е запишано вака — немуслимани: 38 домаќинства, ергени - 11, вдовици - 1. Во подробен регистар на санџакот Паша од 1524-1537 г. за селото Странен (Истрањан) са регистрирани муслимани: 1, ергени - 1; немуслимани: 19, ергени - 2, вдовици - 4.Радушев, стр. 39 Во скратерн регистар од 1530 г. селото Странен (Истрањан) имало муслимани: 1, ергени - 1; немуслимани: 19, ергени - 2, вдовици - 4.Радушев, стр. 131 Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. се води даночно обврзаното население на Странен (Страни) вака: муслимани - 1 семејство и 2 ергени; немуслимани - 8 семејства и 22 ергени. Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската Каза за 1723 г. селото Странен (Истирнани) имало вкупно 18 муслимански домаќинства, од кои едно на спахија.Радушев, стр. 225-226

Ова покажува дека во даден период на немирни времиња населението било принудено да го прими исламот.

Во XIX век Странен било муслиманско село во Неврокопска Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Странен (Stranen) имало 50 домаќинства на 160 Македонци муслимани. Според Стефан Верковиќ на крајот од XIX век Странен (Сранен) имало 179 машки Македонци муслимани сместени во 50 куќи. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Странен (Страња) бил македонско муслиманско село. Во него живееле 284 Македонци муслимани во 60 куќи.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По податоци на БПЦ, кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Странен живееле 67 семејства со вкупно 288 лица. Според грчка статистика истата година во Странен (Ιστράνε, Истране) се попишани 282 лица. Во 1920 г. населението се намалило на 196 жители.

Во 1923 г. жителите на селото се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти од Турција. Во 1927 г. селото е преименувано во Перасма (Πέρασμα), што во превод значи „премин“. Во 1928 година Странен е претставен како чисто дојденско село со 56 жители (15 семејства).

Селото настрадало во Граѓанската војна, па затоа во 1951 г. се води како напуштено. На следниот попис (1961) имало 170 жители, но за една деценија населението драстично се намалило. Овој пад продолжува и понатаму.

Населението одгледува тутун, жито и други земојделски култури, а се занимава и со сточарство.

Население

Наводи

Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија)