Црквата Свети Архангел Михаил е Римокатоличка црква во Осиек, Хрватска. Се наоѓа во Тврѓа.

Историја Исусовците го поставиле камен-темелникот на 31 јули 1725 година на темелите на џамијата Касимпаша, која била изградена за време на отоманскиот период во Осиек.

Во 1734 година се одржала првата миса во недовршената црква. Во 1750 година црквата била посветена на Свети Михаил. Завршена е во 1768 година.Antun Jarm: Šematizam 1999./2000., Đakovo, 2000.

Во 1991 година, за време на Хрватската војна за независност, црквата била оштетена, но во 1999 година била обновена.

Олтари Црквата има 7 олтари, кои со текот на времето биле додадени:Anđela Horvat: Barok u Hrvatskoj (fragment: Barok kontinentalnoj Hrvatskoj), Zagreb, 1982.

Олтарот на Свети Михаил (главен олтар) Олтарот на Свети Јован Непомук (од 1764 година) Олтарот на Света Отилија (од 1768 година) Олтарот на Пресвета Богородица Марија (исто така наречен Бел олтар) Олтарот на светиот крст (исто така наречен црн олтар ) Олтарот на помошничката на Пресвета Богородица Марија Олтарот на Света Тереза Авилска

Наводи

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Цркви во Хрватска