Огноотпорна Австралија е истакната активистичка група посветена на заштита на уникатните екосистеми, заедници и идните генерации во Австралија од разорните влијанија на шумските пожари.

Членовите на групата биле уапсени откако го блокирале Сиднејскиот пристаништен мост во 2022 година. Еден член бил накратко затворен во притвор.

Историја на организацијата Огноотпорна Австралија е австралиска група за активизам за климатските промени која е основана во 2022 година во Сиднеј, Австралија.. Основачки член била и Вајолет Коко. Групата изјавила дека е формирана како одговор на недостатокот на одговор од страна на австралиската влада на сезоната на шумски пожари во Австралија 2019-2020, што оставила 18.000 Австралијци внатрешно раселени. Групата станала позната во 2022 година со серија протести, вклучително и блокирање на прометни улици, прекинување на натпреварот на Националната рагби лига, и попречување на сообраќајот на Сиднјескиот заливски мостза што Вајолет Коко била осудена на 15 месеци затвор.

Во март 2023 година, судијата ги поништил пресудите и затворските казни на двајцата австралиски активисти. Оваа одлука дошла откако било откриено дека полициските сили на Нов Јужен Велс прикажале погрешни докази кои тврделе дека протестот ја попречил брзата помош.

Членство Меѓу членовите се и поранешни членови на Бунт за истребување, Вајолет Коко, член на руралната противпожарна служба Алан Расел Гловер и Карен Фиц-Гибон.

Наводи

Надворешни врски Огноотпорна Австралија – официјална страница

Категорија:Климатски промени Категорија:Климатски промени во Австралија