Sugababes (транскрипција: Шугабејбс) ― англиска женска група составена од Киша Бјукенан, Мутија Буена и Шивон Донаги. Составот на групата три пати се менувал, а во 2011 година се вратила првобитната постава. Групата била основана во 1998 година од Рон Том, менаџер на All Saints. Првиот албум, One Touch, го објавиле во ноември 2000 година, а потоа објавиле уште седум други албуми.
Во 2009 година, по 11 години во Sugababes, Бјукенан, последниот оригинален член на групата, била заменета од Џејд Јуен. Sugababes го објавиле Sweet 7 (2010), по што потпишале со RCA Records и во 2011 заминале на неодредена пауза. Истата година, оригиналната постава повторно се составила под името Mutya Keisha Siobhan. Триото го вратило името Sugababes во 2019 година.
Sugababes имале шест песни на прво место на британската топ-листа: „Freak like Me“, „Round Round“, „He in the Head“, „Push the Button“, „Walk This Way“ и „About You Now“. Спајс грлс се единствената британска женска група која имала повеќе песни на прво место. Тие биле номинирани за шест Брит награди, а во 2003 година ја освоиле наградата за „Најдобар британски денс-изведувач“.
Историја
1998–2001: Основање, прв албум и заминување на Донаги Sugababes била основана во 1998 година од: Рон Том (менаџер на All Saints), Сара Стенет и First Access Entertainment. Шивон Донаги и Мутија Буена тогаш имале само 13 години и имале договор како соло-пејачки, но решиле да пеат заедно. Мутија ја поканила нејзината пријателка Киша Бјукенан како последен член од групата. Тие потпишуваат договор со Лондон рекордс. Прво групата се викала Sugababies, но откако потпишале договор со London Records со цел да стекнат позрел имиџ името го смениле во Sugababes.
Во септември 2000 година тие го објавиле нивниот прв сингл „Overload“ и за овој сингл групата била номинирана за „Најдобар сингл“ на Брит наградите. Во ноември, тие го издале нивниот прв албум, One Touch. Од албумот биле објавени уште три сингла: „New Year“, „Run for Cover“ и „Soul Sound“. И покрај тоа што албумот се искачил на 26-то место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и бил сертифициран со злато од BPI, а исто така многу добро котирал во земјите од германско говорно подрачје во Европа (албумот се пласирал во топ-10 во Австрија, Германија и Швајцарија) продажбата на One Touch не ги исполнил очекувањата на London Records и тие се откажале од групата есента 2001 година.
За време на јапонската промотивна турнеја во август 2001 година, Донаги ја напуштила групата. Таа рекла дека сака да продолжи со модна кариера, но на крајот ѝ била дијагностицирана клиничка депресија поради внатрешни борби меѓу членовите на групата. Донаги подоцна изјавила дека Бјукенан ја принудила да излезе од групата. Поранешната членка на Atomic Kitten Хајди Рејнџ ја заменила Донаги.
2002–2004: Angels with Dirty Faces и Three По доаѓањето на Хајди Рејнџ, групата потпишала договор со издавачката куќа Island Records. Прв сингл објавен со новата издавачка куќа бил „Freak like Me“. Песната ја продуцирал Ричард Икс. Втор сингл од албумот бил „Round Round“, продуциран од Xenomania. Двата сингла се искачиле на врвот на топ-листата во Обединетото Кралство.
На крилата на успехот на сингловите, вториот албум на групата, Angels with Dirty Faces, дебитирал на второ место на топ-листата за албуми во Обединетото кралство и подоцна постигнал тројно платинест статус, односно биле продадени милион примероци само во ОК.Music Week, 1 November 2008; CHARTS ANALYSIS: AC/DC don't mind the gap after twenty eight years. Alan Jones. Pg. 37 Ова е најпродаван албум на Sugarbabes досега. лево|мини| Втората постава на Sugababes во мај 2005 година Третиот албум на групата, Three, бил издаден кон крајот на 2003 година. Албумот дебитирал на 3-то место на топ-листата за албуми во Велика Британија, а групата била номинирана за BRIT награда за најдобар албум. Продаден е во 855.000 примероци до денес. На албумот му претходел водечкиот сингл „Hole in the Head“ кој станал сингл на групата на прво место во Велика Британија. Трите членки на Sugababes снимиле „соло“ песна на албумот - „Whatever Makes You Happy“ (Киша Бјукенан), „Sometimes“ (Хајди Рејнџ) и „Maya“ (Мутија Буена).
Во 2004 година, перципираната „нерасположеност“ на групата, наводните караници зад сцената, и лутите прес-конференции биле главна тема во таблоидите во Британија. Се зборувало дека Бјукенан и Буена ја малтретирале Рејнџ, иако Ренџ постојано ги негирала таквите наводи; Буена подоцна признала дека не разговарала со Рејнџ откако се приклучила на групата. Според Бјукенан, имало само еден сериозен судир меѓу неа и Рејнџ за време на концертот во Даблин во 2004 година, поради несогласување околу песната на Бритни Спирс „Токсик“.
2005–2006: Taller in More Ways, заминување на Буена и компилација По мала пауза, за време на која Буена ја родила нејзината ќерка Талија, во октомври 2005 година Sugababes го објавиле нивниот тринаесетти сингл, „Push the Button“. Песната дебитирала на прво место во ОК и се задржала на оваа позиција три последователни недели. Подоцна бил номиниран на BRIT Awards за најдобар сингл. Албумот Taller in More Ways станал нивен прв албум кој се искачил на прво место во Обединетото Кралство. десно|мини| Третата постава на Sugababes во април 2006 година По очигледна болест што ја спречило да го промовира следниот сингл „Ugly“, Буена ги напуштила Sugababes на 21 декември 2005 година. Буена подоцна во едно интервју изјавила дека боледувала од постнатална депресија по раѓањето на нејзината ќерка во комбинација со сè понапорните распореди на групата и избрала да ја напушти групата за да поминува повеќе време со нејзината ќерка. Амел Бераба се приклучила на Шугабејбс кон крајот на декември 2005 година како замена за Буена.
Како резултат на заминувањето на Буена, Taller in More Ways бил реиздаден во март 2006 година со додавање на нова песна, „Now You're Gone“, и три повторно снимени песни со гласот на Бераба: „Gotta Be You", „Follow Me Home" и „Red Dress", а „Red Dress“ и „Follow Me Home“ станувале трет и четврт сингл на Taller in More Ways, соодветно.
Overloaded: The Singles Collection е прв албум со најголеми хитови на Sugababes. Бил објавен на 10 ноември 2006 година. Албумот содржел 12 синглови од групата.
2007–2008: Change и Catfights and Spotlights Во март 2007 година, Шугабејбс соработувале со британската женска група Girls Aloud за нивниот осумнаесетти сингл, преработка на песната од Аеросмит „Walk This Way“. „Walk This Way“ станал петти сингл на групата на прво место во Велика Британија. лево|мини|240x240пкс| Третата постава на Sugababes во април 2008 година на Change Tour, нивната најголема турнеја дотогаш По турнејата Greatest Hits, Sugababes се вратиле во студио за да работат на новиот албум Change. „About You Now“ бил издаден како водечки сингл од албумот во септември 2007 година. По објавувањето, песната станала шести сингл на групата на прво место во Обединетото Кралство и прв сингл на врвот на унгарската топ листа. Четири недели била на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија. Во 2008 година „About You Now“ била номинирана за Брит награда за најдобар британски сингл и со продадени од речиси 500.000 примероци е нивен најпродаван сингл досега. Во изданието на Гинисовата книга на рекорди од 2009 година, „About You Now“ била наведена како „прва песна од британски поп изведувач која се нашла на врвот на топ-листата за синглови само со дигитални преземања“.
Албумот Change бил издаден преку на 1 октомври 2007 година и станал втор албум на групата кој се искачил на прво место на британската топ-листа за албуми. Од албумот биле издадени уште два сингла: „Change“ (декември 2007 година) и „Denial“ (март 2008 година). Од март до мај 2008 година, Sugababes патувале низ Обединетото Кралство на триесет концерти за Change Tour, нивната најголема турнеја дотогаш.
По турнејата Change, Шугабејбс се вратиле во студио за да напишат и снимат песни за нивниот шести студиски албум, Catfights и Spotlights. Албумот бил објавен на 17 октомври 2008 година. „Girls“, водечкиот сингл од Catfights и Spotlights бил објавен во октомври 2008 година. Вториот и последен сингл од албумот, „No Can Do“, бил објавен во декември.
2009–2010: заминувањето на Бјукенан и Sweet 7 По објавувањето на „No Can Do“, групата одлучила да не оди на турнеја во 2009 година и за сметка на тоа да се насочи на пишување и снимање материјал за нивниот седми студиски албум. The Sugababes заминале за САД за да работат на нивниот седми студиски албум, Sweet 7. Во април 2009 година, Sugababes потпишале договор со издавачката куќа од Џеј Зи, Roc Nation, по што почнале да работат со продуценти од висок профил. Водечкиот сингл од Sweet 7, „Get Sexy“, дебитирал на второ место на топ-листата за синглови во Велика Британија во септември 2009 година.12 September 2009 Top 40 Official UK Singles Archive . Official Charts Во септември 2009 година, било објавено дека Бераба ги напуштила Шугабејбс бидејќи пропуштила два настапа за промовирање на Sweet 7. Исто така, се шпекулираше дека Џејд Јуен, претставничката на Обединетото Кралство на Евровизија во 2009 година, ќе ѝ се приклучи на групата како замена за Бераба. На 21 септември, било откриено дека Бјукенан, единствениот преостанат оригинален член од групата, заминала од Шугабејбс и била заменета со Јуен. Бјукенан на Твитер открила дека не била нејзина одлука да замине, по што некои новинари напишале дека била „отпуштена“.Michaels, Sean, "Sugababes' Keisha sacked from band" , The Guardian, 22 September 2009
Новата членка, Јуен, била доведена во Соединетите Држави за да го сними спотот за синглот „About a Girl“ само неколку дена откако Бјукенан ја напуштила групата. Албумот требало да биде објавен во ноември 2009 година, но бил одложен за март 2010 година. Третиот сингл од албумот „Wear My Kiss“ дебитирал на 7-мо место во Обединетото Кралство, и Sweet 7 станал нивен прв албум по Taller in More Ways кој содржел барем три топ-десет хитови. Албумот бил објавен на 15 март 2010 година. Се искачил на 14-то место во ОК, но бил негативно примен од критичарите; тие го критикувале недостатокот на препознатлив звук и душа на групата, како и губењето на идентитетот на групата поради заминувањето на Бјукенан.
Во март 2010 година, поранешниот член од групата Мутија Буена поднела барање до Европската управа за трговски марки за сопственост на името на групата. Апликацијата била поднесена среде контроверзноста за заминувањето на Бјукенан, во која Буена инсистирала на тоа дека „Шугабејбс ги нема“ без ниту еден основачки член во групата. Било потврдено дека Буена добила право да го користи името на хартија, картон и стоки; имено канцелариски материјал, хартиена фолија за подароци и хартиени ленти за пакување подароци. Истиот месец, поради слабата продажба на Sweet 7, групата била исфрлена од Roc Nation.
2011: Откажан албум и распаѓање лево|мини|230x230пкс| Четвртата постава на Sugababes која настапува во Честер Рокс во јули 2011 година, пред нивната пауза Sugababes започнале да го снимаат осмиот студиски албум во април 2010 година. Во јуни 2011 година, групата и нивните менаџери Сара Стенет и Mark Hargreaves Crown Music Management Services ја напуштиле нивната дотогашна издавачка куќа, Island Records и потпишале нов договор за дистрибуција на три албуми со RCA Records од Sony Music, а Crown Music Management Services станала нивна издавачка куќа.
Нивниот прв и единствен сингл со новата издавачка куќа, „Freedom“, бил објавен за бесплатно преземање на 25 септември 2011 година. Потоа групата започнала пауза за нејзините членки да работат на соло-проекти: Рејнџ учествувала во седмата серија на Танцување на мраз, Бераба подготвувала соло-материјал а Јуен се натпреварувала во првата серија од <i id="mwAbw">Splash!</i>.
2011–2018: Здружување на оригиналната постава под името Mutya Keisha Siobhán