мини|Пример за јонкома Јонкома () или 4-кома — формат за издавање манги од 4 кадри. Обично се користи во комични сцени. Се наоѓа во речиси сите јапонски манга-изданија, вклучувајќи манга-списанија, графички романи, манга-делови од весници, списанија за игри, списанија за готвење итн. Заплетот обично завршува во четвртиот кадар, но понекогаш може да продолжи и во идни изданија. Некои јонкоми се занимаваат со сериозни теми, но повеќето се комични.Thompson J. Manga: The Complete Guide. — New York: Del Rey Books, 2007. — P. 497. — 556 стр. — ISBN 978-0-345-48590-8.

Потекло Првата манга во стил јонкома ја нацртал Ракутен Китазава во 1902 г., наречена „Тагосаку и Мокубе го истражуваат Токио“. Се верува дека создавањето на јонкомите било под влијание на стриповите на Франк Артур Нанкивел.Carolin Fischer, 'Mangaka', Unknown date of publication, 2009-10-29

Структура Традиционалната структура на јонкома е кишотенкецу. Овој збор е составен од четири јапонски знаци:

ки (јап. 起): Првиот кадар ја поставува сцената на приказната. шо (јап. 承): Вториот кадар го продолжува дејството започнато во првиот. тен (јап. 転): Третиот кадар обично го означува врвот на заплетот. кецу (јап. 結): Четвртиот кадар го завршува заплетот.

Поврзано

Манга

Наводи

Надворешни врски __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Поими во аниме и манга