Бурсук (, Лимнохори; до 1927 г. Μπουρσούκι, Бурсуки) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Бурсук се наоѓало југозападно од Валовишта. Денес е потопено од водите на Бутковското Езеро кога било претворено во вештачко.
Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бурсук (Boursouk) било село во Серската Каза со 15 домаќинства сочинети од 49 Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 360 жители, сите Македонци христијани.
Сите христијани во Бурсук биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бурсук (Boursouk) живееле 480 Македонци, сите под Патријаршијата. Во селото имало грчко основно училиште со 1 учител и 20 ученици.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Жителите на селото, заедно со оние на Мантар и Пурлида им се протиставувале на грчките денационализаторски мерки и одбивале да плаќаат владичина, да се поздравуваат на грчки за Велигден, да признаваат грчки поп и да одат во црква, а децата не ги пуштале во училиште бидејќи во него бил воведен грчкиот јазик. Во 1913 г. селото имало 688 жители, а во 1920 г. попишани се 682 лица.
Во 1923 г. во близина на селото војводата Тома Радовски е тешко ранет во двете нозе при ожесточена престрелка со грчка војска.ЦДА, ф. 1909, оп. 2, а. е. 430, л. 12-13; ф. 3, оп. 12, а. е. 1294, л. 1-2. Во 1924 г. под присила 172 лица се иселиле во Бугарија, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. селото е заведено како мешана населба со 657 жители, од кои 175 лица (27 семејства) биле дојденци, а остатокот македонски мештани.
По поплавата од 1936 г. населението е иселено во Хазнатар, и така Бурсук е напуштен.
Личности Георги Баџов — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г. Никола Аврамов — свештеник и революционер, деец на ВМОРО, умрел по 1918 г. Никола Петков (? – 1913) — борец во МОО, III и Нестројна чета на V Одринска дружина, ранет во Првата балканска војна 28 јануари 1913 година, безследно изчезнал в Междусъюзническата на 16 юни 1913 година
Наводи
Категорија:Историски села во Долна Џумаја