Гостивар Прес — македонски весник, чиј прв број излегол во 2016 година. Основач на весникот е Ивица Адамоски, а главен и одговорен уредник на весникот е Љупка Антовска.

Заднина Гостивар Прес е најчитаниот македонски дневен весник со содржина околу градот Гостивар и главно е познат по својата портал-верзија на Интернет. Весникот објавува информации од областа на локални настани, политика, спорт, забава, култура, бизнис, наука и технологија за најновите настани и случувања во Гостивар, околните општини и државата.

Освен на видео-платформата Јутјуб со емисијата „Минути за секого“, Гостивар Прес е присутен и на другите социјални мрежи Инстаграм, Фејсбук и Твитер.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место Гостивар Прес на Фејсбук Гостивар Прес на Твитер Гостивар Прес на Инстаграм

Категорија:Гостивар Категорија:Македонски весници Категорија:Појавено во 2016 година во Македонија