OK Go ― американскa рок група по потекло од Чикаго, а сега со седиште во Лос Анџелес. Членови на групата се: Демијан Кулаш (главен вокал, гитара), Тим Нордвинд (бас-гитара, вокал), Ден Конопка (тапани и удирачки инструменти) и Енди Рос (гитара, клавијатури и вокал), кој се придружил на групата во 2005 година, како замена за гитаристот Енди Данкан. Бендот е познат по своите креативни и најчесто нискобуџетни музички спотови кои честопати имаат детално изработена кореографија за да бидат снимени во еден долг кадар.
OK Go е основана во 1998 година, а нивни најпознати песни се Get Over It, A Million Ways и Here It Goes Again. Спотот за песната „Here It Goes Again“ освоил Греми награда за најдобро музичко видео во 2007 година.
Групата била и куќен состав за радио-емисијата This American Life чиј водител бил Ајра Глас.
Членови Сегашни
Демијан Кулаш – главен вокал, ритам-гитара, клавијатури, програмирање (1998-денес) Тим Нордвинд – бас-гитара, клавијатури, придружни вокали (1998-денес) Ден Конопка – тапани, перкусии (1998–денес) Енди Рос – главна гитара, клавијатури, пијано, придружни вокали (2005-денес)
Поранешни
Енди Данкан – главна гитара, клавијатури, придружни вокали (1998–2005)
Времеплов
Дискографија
OK Go (2002) Oh No (2005) Of the Blue Colour of the Sky (2010) Hungry Ghosts (2014)
Наводи
Надворешни врски
WaveCat Playlist Say The Same Thing website Band Blog
Категорија:Добитници на Греми Категорија:Американски инди-рок музички групи Категорија:Музички групи основани во 1998 Категорија:Американски квартети Категорија:Добитници на MTV Video музички награди Категорија:Американски алтернативен рок музички групи Категорија:Музички групи основани во 1998 година