Селена Кинтаниља-Перез (шпански: Selena Quintanilla-Pérez; 16 април 1971 – 31 март 1995), естрадно позната како Селена ― американска пејачка. Таа се нарекува „Кралица на техано-музиката“, а нејзиниот придонес во музиката и модата ја направил една од најпознатите мексиканско-американски музичари од крајот на 20-тиот век. Во 2020 година, магазинот Билборд ја ставил на третото место на нивниот список на „Најдобри латино-музичари на сите времиња“. Медиумите поради нејзиниот избор на облека ја нарекувале „Техано Мадона“. Таа, исто така, се вбројува меѓу највлијателните латино-музичари на сите времиња и придонела за катапултирање на техано-жанрот во забавната музика.
Живот и кариера
1971–1988: Рани години и почетоци на кариерата Селена Квинтанила е родена на 16 април 1971 година во Лејк Џексон, Тексас. Таа била најмало дете на нејзините родители. Селена била воспитана како Јеховин сведок. Во 1981 година, заедно со семејството се преселила во Корпус Кристи, каде што ја започнала нејзината музичка кариера. Нејзиниот татко, Абрахам Квинтанила Џуниор, бил пејач на групата Los Dinos од 1957 до 1972 година и го поттикнувал музичкиот талент на неговите деца. Селена, нејзиниот брат Абрахам Исак III (бас) и нејзината сестра Сузет (тапани) станале втора генерација на Los Dinos. Другите двајца членови на групата биле Рики Вела на клавијатури и Роџер Гарсија на гитара. Селена своето прво појавување пред публика го имала на осум годишна возраст во мексиканскиот ресторан на нејзиниот татко во Лејк Џексон. Нејзините први снимки се направени на деветгодишна возраст. За време на нејзината младост, Селена често била на турнеи.
Нејзината популарност како пејачка брзо растела, а побарувачката за нејзини настапи и честите патувања почнале да го попречуваат нејзиното образование. Татко ѝ ја отпишал од училиште кога Селена била осмо одделение. Гимназија завршила учејќи од далечина додека патувала низ земјата и била примена на Државниот универзитет во Луизијана. Се запишала на Универзитетот Пацифик Вестерн, и одбрала бизнис-администрација како насока.
По успешните албуми Alpha и Muñequito de trapo (и двата 1986), Селена ја освоила наградата за музичар на годината на музичките награди Техано во 1987 година на 15-годишна возраст.
До 1988 година, Селена објавила уште пет ЛП плочи; Alpha (1986), Muñequito de Trapo (1987), And the Winner Is... (1987), Preciosa (1988) и Dulce Amor (1988).
Врв на кариерата Хозе Бехар од новоформираната издавачка куќа EMI Latin Records, ја забележал Селена како настапува на Техано музичките награди во 1989 година. Бехар барал нови латино-музичари и сметал дека ја открил „следната Глорија Естефан“, но неговиот претпоставен го нарекол Бехар нелогичен затоа што бил во Јужен Тексас помалку од една недела. И покрај двојно поголемиот понуден хонорар од Sony Music Latin, татко ѝ ја избрал понудата од EMI Latin поради можноста за кросовер албум и сакал неговите деца да бидат првите музичари кои ќе потпишат за издавачката куќа.
На 17 октомври 1989 година, Селена го издала нејзиниот прв албум под наслов Selena. Нејзиниот брат А.Б., станал нејзин главен продуцент и текстописец во поголемиот дел од нејзината музичка кариера.
Истата година, Кока-Кола потпишала договор со Селена бидејќи ја сметала за соодветно лице за реклами насочени кон младата латино целна група и изработила неколку реклами со неа. Џинглот кој бил користен во нејзините први две реклами за компанијата бил компониран од АБ и Крис Перез. Перез се приклучил на Selena y Los Dinos неколку месеци претходно како нов гитарист на групата. Перез почнал да се вљубува во Селена, и покрај тоа што имал девојка во Сан Антонио. Тие ги изразиле своите чувства еден кон друг во ресторанот „Пица Хат“ и набргу потоа станале двојка. Перез и Селена ја криеле нивната врска, плашејќи се дека Квинтанила Џуниор ќе се обиде да ја раскине.
Селена го издала нејзиниот втор студиски албум, Ven Conmigo, во септември 1990 година. Песната „Baila Esta Cumbia“ од овој албум станала една од најуспешните песни на Селена. Албимот бил многу популарен во Мексико, каде што бил сертифициран со платинест тираж, односно биле продадени 150.000 единици.. мини|Заштитниот знак што го користела Селена Во мај 1992 година, Селена го издала нејзиниот трет студиски албум, Entre a Mi Mundo. Критиката го сметала албумот за нејзин „пробивен албум“. Entre a Mi Mundo станал прв техано-албум од женски изведувач кој е продаден во преку 300.000 примероци.
Една година по Entre a Mi Mundo Селена го објавила албумот Live!; албумот бил снимен за време на бесплатен концерт во Меморијалниот Колосеум во Корпус Кристи, на 7 февруари 1993 година. На албумот имало претходно објавени песни кои биле отпеани во живо и три студиски снимки. Live!!освоил награда Греми за најдобар мексикански/американски албум на 36тото доделување на Греми награди.
Во мај 1994 г. Live! ја добил наградата албум на годината од <i id="mwAag">Билбордовите</i> латински музички награди. Бил прогласен за албум на годината на Техано музичките награди во 1994 година, а на Lo Nuestro наградите во 1994 година, бил номиниран за Регионален мексикански албум на годината. Live! бил сертифициран со златен тираж од RIAA за продадени 500 000 примероци, а во Мексико биле продадени 250 000 единици. мини|Логото што Селена го користела за нејзините бутици Покрај кариерата како пејачка, Селена работела и како дизајнерка на облека. Таа отворила два бутика во Корпус Кристи и во Сан Антонио, и двата под брендот Selena Etc.
Списанието Hispanic Business објавило дека пејачката од овие бутици заработила над пет милиони долари. Таа била рангирана меѓу дваесетте најбогати хиспански музичари со најголем приход во 1993 и 1994 година. Селена во март 1994 година го издала нејзиниот четврти студиски албум, Amor Prohibido.
Amor Prohibido станал нејзин најуспешен албум за време на нејзиниот живот. Хитовите како Bidi Bidi Bom Bom, No me queda más и насловната песна Amor Prohibido се сè уште многу популарни и денес. Албумот станал вториот техано-албум кој до крајот на годината се продал во над 500.000 примероци, што претходно било постигнато само од групата La Mafia. Исто така, станал еден од најпродаваните латино албуми во САД и бил меѓу најпродаваните американски албуми во 1995 година. Албумот е сертифициран за 36× платинест од RIAA за продажба од 2,16 милиони примероци во САД.
Amor Prohibido ја популаризирала техано-музиката кај помладата и кај пошироката публика. Двете песни, „Amor Prohibido“ и „No Me Queda Más“, биле најуспешни американски латино-песни за1994 и 1995 година, соодветно. Поради комерцијалниот успех, албумот бил номиниран за Греми за најдобар мексикански/американски албум на 37-те Греми награди во 1995 година. Ја добил наградата Запис на годината на Техано музичките награди во 1995 година и Регионален/мексикански албум на годината на Ло Нуестро наградите во 1995 година.
По објавувањето на Amor Prohibido, Селена се сметала за „попопуларна од самата техано-музика“ и ги пробила бариерите во светот на латино-музиката. Многу медиуми ја нарекле „Кралица на техано-музиката“. Списанието Билборд го ставило Amor Prohibido меѓу најважните латино-записи во претходните 50 години и го ставило на нивниот список од топ-100 албуми на сите времиња. Во 2017 година, NPR го рангирал Amor Prohibido на 19-то место на нивната листа од 150 најдобри албуми направени од жени. Селена снимила дует со Barrio Boyzz под наслов „Donde Quiera Que Estés“, кој бил објавен на нивниот истоимен албум во 1994 година. Песната го достигнала првото место на топ-листите за латино-песни, што ѝ овозможило на Селена да гостува во Њујорк, Аргентина, Порторико, Доминиканска Република и Средна Америка, каде што не била многу популарна.
Кон крајот на 1994 година, претседателот на ЕМИ, Чарлс Копелман, увидел дека Селена ги постигнала нејзините цели на пазарот на шпански јазик. Тој сакал да ја промовира како соло поп-музичар на англиски јазик. Селена продолжила со турнејата додека ЕМИ почнала да го подготвува кросовер-албумот, за кој биле ангажирани композиторите добитници на Греми. Во 1995 година, таа имала камео појавување во Дон Хуан ДеМарко, во кој глумеле Марлон Брандо, Џони Деп и Феј Данавеј.
Убиство Семејството Квинтанила ја именувало Јоланда Салдивар (една од најблиските пријателки на Селена) за менаџер на бутиците на Селена на почетокот од 1994 година. Во декември 1994 година, почнал да се намалува бројот на вработени во двете продавници. Според персоналот, Салдивар честопати ги отпуштала вработените што не ги сакала. Вработените во продавниците на Селена редовно ѝ се жалеле за однесувањето на Салдивар, но таа не верувала на таквите тврдења и сметала дека Салдивар нема да носи негативни непредвидливи одлуки за модниот потфат.
Според Квинтанила Џуниор, вработените потоа му се обратиле нему и го информирале за однесувањето на Салдивар. Квинтанила Џуниор сериозно ги сфатил тврдењата; тој ѝ укажал на Селена дека треба „да биде внимателна“ и ѝ рекол дека Салдивар можеби не влијае добро врз неа. Селена ги отфрлила забелешките на нејзиниот татко затоа што тој честопати не им верувал на луѓето во минатото. Во јануари 1995 година, модниот дизајнер на Селена, Мартин Гомез, нејзината братучетка Дебра Рамирез и клиентите ја изразиле својата загриженост за однесувањето и управувањето на Салдивар.
Квинтанила Јуниор открил дека Салдивар проневерила повеќе од 30.000 долари преку фалсификувани чекови од обожавателскиот клуб на Селена и од бутиците. Тој на Салдивар ѝ укажал за недоследностите околу исчезнатите средства. Квинтанила Џуниор ѝ рекол дека ако не обезбеди докази со кои ќе ги отфрли неговите обвинувања, тој ќе ја пријави во полиција. Квинтанила Џуниор ѝ забранил на Салдивар секаков контакт со Селена. Сепак, Селена не сакала да го прекине нивното пријателство; таа мислела дека Салдивар е важна за успехот на линијата за облека во Мексико.
Неколку пред смртта на Селена, Салдивар го одложила предавањето на банкарските изводи и финансиската евиденција под изговор дека била физички и сексуално нападната во Мексико. Салдивар, заедно со Селена, на 31 март 1995 година, отишле во клиника за Салдивар да се прегледа за нападот за кој таа тврдела дека ѝ се случил во Монтереј. За време на посетата, Салдивар била прегледана од лекарот на клиниката, но немало гинеколошки преглед кој требало да се напраи во секој случај на сексуален напад. Медицинската сестра Карла Ентони рекла дека Салдивар требало да го направи испитот за силување во Сан Антонио од три причини: Салдивар била жител на Сан Антонио, клиниката во која моментално биле во Корпус Кристи, а нападот се случил во Мексико.
Потоа, Селена повторно се сретнала со Салдивар во нејзината соба во хотелот Days Inn во Корпус Кристи. Во мотелот Селена ги побарала финансиските документи. Во 11:48 часот, Салдивар извадила пиштол од нејзината чанта и го вперила во Селена. Додека Селена се обидувала да побегне, Салдивар ја застрелала во десното долно рамо, отсекувајќи ѝ ја субклавијалната артерија што предизвикало голема загуба на крв. Критично ранета, Селена истрчала кон лобито, оставајќи зад себе 119 метри долга трага крв. Откако службеникот повикал брза помош, таа паднала на подот, а Салдивар сè уште ја бркала и ја нарекла „кучка“. Пред да се онесвести, Селена ја именувала Салдивар како нејзин напаѓач и го дала бројот на собата во која била застрелана. Во меѓувреме, Салдивар се обидела да замине со нејзиниот пикап. Таа била забележана од полициската патролна кола. Таа се предала по речиси девет и пол часовен судир со полицијата и ФБИ. Дотогаш стотици обожаватели се собрале на местото на настанот. Многумина плачеле додека полицијата ја одвела Салдивар.